Доаѓајки од куќа во стан, адаптацијата не е лесна воопшто. Живеев 3 години во поприлично нова зграда со 64 стана, на трети спрат, и никогаш повеќе. Скоро секој месец некој се вселуваше, и нон стоп имаше бушење, тропање, лупање, проблеми со паркинг, проблеми со договор околу чистење, деца се играат на паркингот надвор кај што се колите, генерално, ужас. Ај дур работата е во дозволените саати, не е проблем, ама знаеше и често по 22h да има бушење, а со мало дете, кое и на отварање на врата се штрекнува и се буди, едноставно е пренапорно. Додај на тоа дека внатрешната изолација беше практично непостоечка, хоророт од работата, музиката, комшиите беше уште поголем.
Станот во кој што живеам сега е во зграда со уште 5 други стана, со тоа што сопственикот на зградата бираше на кого ке ги продаде становите, ситуацијата е сосема различна. Разумни комшии, лесно постои договор за се, никој никому не пречи, ретко има бука и галама, имам само 1 активен ѕид до комшијата засега.
Ако би купувал стан во зграда со многу станови, само на последен кат, со мал кров зграда.