Јас ја возев Тојота ЦХР од Дортмунд до Ахен и назад, по релативно рамен предел без успони и извадив просечна 7.5 литри.
Возев на темпомат цело време (110-120), и имав кратки испади до 180 додека претекнував, но не верувам дека тоа влијаело на просечната потрошувачка повеќе од 0.1 литар.
Истата рута ја возев и со Опел Мока, 1.4 турбо со менувач со двојна спојка (пандан на ДСГ, незнам како го викаат во опел) и со тоа возило потрошувачката беше 7.5 литри.
Субјективно мислам дека 1.5 тси ќе потроши помалку затоа што има Cylinder on Demand и нема да лапа сигурно толку гориво како ЦХР или Мока.
@marjanot ја возеше сличната рута од Дортмунд до еден град до северозападна Германија со Голф 7 1.5 ТСИ и може да сподели каква била потрошувачката. Знам дека голфот е во друга категорија на возила, и не е меродавен во споредбата (иако во тежината е тука некаде и со карокот и ЦХР), ама можеме на таа потрошувачка да и шлапнеме +0.5 литри до литар плус заради ефектот на СУВ возило и лошата аеродинамичност. Секако тој податок е одлична стартна точка во анализава, отколку да нема никаков податок.
Пак ќе повторам како и претходно, ЦВТ со 1.8 атмосверец во 2019 година е тешка измама на пациентот што ќе истресе пари за тоа возило.
ЕДИТ:
Еве линк до тестот од @marjanot