Автор Тема: Измината важност на возачка дозвола  (Прочитано 35939 пати)

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1957
Одг: Измината важност на возачка дозвола
« Одговори #90 на: 18 Март 2026, 00:50:24 am »
Можеби на некој ќе му се најде, поврзано со прашањето погоре -

Доколку се врши замена на странска возачка дозвола која била издадена како замена на македонската (возачот првпат полагал во Македонија) - не е потребен превод, се пополнува директно барање за издавање на возачка дозвола и изјава во соба 26 во МРТ (за Скопје) и се остава странската возачка дозвола, која по службена должност МВР ја враќа во матичната држава на издавање.

Доколку се врши замена на странска возачка дозвола каде возачот полагал во странство, тогаш е потребен предвод, заведен на нотар и дополнителна документација каде го докажувате вашиот престој во странство во перидот кога странската возачката дозвола била издадена.

По завршување на постапката во соба 26, со документите одите и чекате ред за сликање во кабина 10, каде што на ПОС терминал може да се уплати административната такса и трошоците за издавање на возачка дозвола.

Џабе дадов ~1000 ден. за превод/нотар, ама јебига, сметав дека тоа што е напишано на сајтот на МВР е валидно (делумно е, ама не во секој случај).  ;D

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3406
  • Хюндай Тюсон
Одг: Измината важност на возачка дозвола
« Одговори #91 на: 20 Март 2026, 14:12:05 pm »
А нели можеш директно во странство да си ја обновиш или се врати?

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6861
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Измината важност на возачка дозвола
« Одговори #92 на: 20 Март 2026, 14:23:29 pm »
Се врати и ти? Не си кај Римац?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34459
  • Таков е животот... јебига
Одг: Измината важност на возачка дозвола
« Одговори #93 на: 20 Март 2026, 22:30:58 pm »
Џабе дадов ~1000 ден. за превод/нотар, ама јебига, сметав дека тоа што е напишано на сајтот на МВР е валидно (делумно е, ама не во секој случај).  ;D
Преводи, па нотари, па фотографии, и се затоа што се неспособни да проверат еден портал на земјата која ја издала возачката.

Абе што ти требаше да се враќаш?

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1957
Одг: Измината важност на возачка дозвола
« Одговори #94 на: 22 Март 2026, 01:31:06 am »
Ми фалеше некако ѓубре да чистам по паркови и реки.  8)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6285
Одг: Измината важност на возачка дозвола
« Одговори #95 на: 22 Март 2026, 09:53:33 am »
Покрај античките реплики на Скопје 2014 имаме и реплика на Гангеш измеѓу нив, поавтентична е, мнооогу блиску до оригиналот :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html