Автор Тема: Skoda Superb 2.0 TSI 4x4 DSG7  (Прочитано 103514 пати)

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1011
Одг: Skoda Superb 2.0 TSI 4x4 DSG7
« Одговори #390 на: 27 Октомври 2023, 18:15:18 pm »
Jas pominav na prazno i na vrakanje po 5 min veke bea montirani...epten gi razocarav duvav 0.0

Мене кај земјоделски секоја сабота вечер дур имаше свадби, 2 пати дував. Накај 9-10 вечер си одам од теретана баш тука и обавезно палка крева.

Присутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1413
Одг: Skoda Superb 2.0 TSI 4x4 DSG7
« Одговори #391 на: 27 Октомври 2023, 20:18:58 pm »
Е така де прво кругче вртиш и после се пушташ. И на обиколница исто…

Присутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1413
Одг: Skoda Superb 2.0 TSI 4x4 DSG7
« Одговори #392 на: 26 Ноември 2023, 20:33:00 pm »
Како што е ред, ради евиденција да запишам зимски гуми на 24.11.2023 на 114400км. Овој пат имав и помош при промена како што може да се види од сликите во прилог, да не биде штур запис.



Инаку да забележам дека иако зимскиве тркала се фабрички, ОЗ-то многу поубаво изгледаат на колата. Не од аспект на дизајн туку димезија, ЕТ и тн... Еве две слики од различна страна, летни и зимски тркала.




Инаку да кажам збор два за пет годишна дружба и речиси 115км.
Извозени три сета летни гуми и еден сет зимски (актуелно е на втор сет зимски и четврт летен). За летниов сет имам многу контрадикторни мислења. Еден ден викав најдобри до сега, друг ден тапа... не знам. Реално многу ми смета буката. Занчи првпат кога ги ставив зимскиве актуелни (од летни GY assy 5) си реков ауу како ќе се издржи букава, да сеа после Bridgestone Potenza sport е вистинско олеснување и релаксација за уши. Добри перформанси и до сега најдобра удобност од аспект на тврдоќа/мекоќа :) ама и брзо, до сега најбрзо трошење на гума. Ептен наменска гума.
Скоро и да не ми се верува дека зимскиве ќе тераат трета сезона. За нив сеуште не оформив целосно мислење прво и основно дека не се сеќавам дали воопшто ги пробав на снег, вчера малку ама греота е сеа да оформувам мислење коа се веќе трета сезона, а тоа е веќе на пола од перформанси.

Е сега малку генерално за колата.

Прво да набројам работи кој ми ги сменија во гарантен период (4 години):
- Рачка од мењач. Се излижа а притоа е аутоматик!?!?. Вторава е поизлижана од првата. Веројатно генерално си имаат проблем со ова.
- Акумулатор
- Амортизери односно механизми за автоматско отварање и затварање на багажник. Првите престанаа да ја држат вратата.
- Пластичната рамка окулу панорамскиот покрив. Пукна од двете страни од необјасниви причини.

Работи што се расипале (или делумно се потрошен материјал) последната година, значи не покриени со гаранција
- Дополнителна водна пумпа што повлеквит и замена на водна пумпа, термостат, фланши и пун к... ситници набројани во фактурата.
- Моторче од централно на предна лева врата.
- Моторче од централно на задна лева врата. Ова сеуште не е сменето и ќе објаснам во параграф за сервисот.
- Сет копчиња за прозори од возачка врата. Се скршија. Првпат гледам такво нешто...

Приказната оди вака: Тргам за Грција и пинг Check engine, Lane assist unavailable, Adaptive cruise unavaliable и уште нешто unavailable. Застанувам на бензинска да видам што е пошто имам обд и оно вика покрај десетина грешки во Main bus, грешка и за систем за ладење. Insufficient cooling performance. Ова ме загрижи и си помислив јеби га рикверц ќе се претоварам во друга кола. Меѓутоа на тргање од бензинска, магично некако се се врати во нормала, нема грешки нема ништо. И бидејќи имаше електрични грешки си реков се пошашавело нешто и одлучив да продолжам. Втор ден во Грција, пинг, пак исто ама игнорирам пошто и онака немам избор. Кола вози, не покажува температура на мотор односно ладилна течност и немам асистенти.
Предходно, значи два три месеца пред ова, приметувам не ми се откључува возачка врата. Морам гимнастики да правам да отворам од внатре. А после нормално се заклучува. Траеше два дена и магично се поправи. По извесно време сосем случајно приметувам дека задната лева врата не се заклучува. Веднаш после ова гледам не работи и она копченце внатре lock/unlock. Нешто штрака али не засветува копчето. Се поправи и ова магично неколку пати и за жал последниот пат реши да не се поправа.

СЕРВИС: 105-110ккм. Ја оставам на сервис, го раскажувам ова погорното и напоменувам дека сега предната врата си функционира нормално а задната дупи. И плус кога е веќе таму, редовен сервис да се направи. Викам да се направи тип топ, не брзам и онака возам мотор.

Една недела во сервис. Се јавувам да видам што се дешава со колата пошто искина дожд. Девојчицата ми вика, па вака, направен е редовен сервис, сменето уље филтри дрн дрн, се убацувам ја викам скокни тоа кажи што е со проблемите, ми вика сменето е моторче на ПРЕДНА ЛЕВА ВРАТА и треба да се смени дополнителна водна пумпа, таа ја чекаме треба да стигне за некој ден и ќе ја сменат мајсторите. Ок не се расправам ама и не прашав зошто на предна. Ја думам мислам ај нешо поврзано е се у денешно време компјутери ово оно. Врати се да го ебам какви компјутери ама ај...

Две недели во сервис. Нели не ми се брза пошто со моторче, кине дожд, ја мувла фаќам под мишка. Се јавувам пошто они не, ми вика девојчицата стигна дополнителната пумпа ама мајсторов видел дека треба и термостат па сеа чекале термостат. Штачеш, не ќе одам раскомадана да ја земам колата, тоа е...

Три недели во сервис. Барем престана да врне. Е видиш термостатот бил заедно со водната пумпа па мора и неа да ја сменат а тоа е многу работа. До петок ќе биде.
И бидна, ја земав колата, ок е нема грешки. Се возам неколку дена се ок, стискам тоа копчето пак штрака ама не свети. Проверувам задна врата (грешка што не проверив одма), курац не се заклучува. Одам во сервис пред крај на работно време ми вика треба да ја оставите да видиме што е. Викам слушај, немам време сеа да ја оставам пошо ми треба ќе ја донесам за една недела и ќе видиме. Вика ок.
Во меѓувреме после месец и кусур стигна фактурата. 94.000 денари. Веќе вријам. Ја оставам за една недела што повлекува организација некој да ме земе после, па некој да ме врати.
ИСХОД: Вика треба да се смени моторче на задна лева врата. 16.000 можеме на вас да ви го дадеме. Тука пукнав. Три недели сервис и 94.000 денари да ја истумбав ќе беше побрзо и поефтино. Зошто сте смениле на предна а таа работеше? Плус го извади работниот налог, запишано како што објаснив првично. Каде се сите сменети делови???? Па ја не знам па ова па она, и на крај ми вика сеа шо да праиме да го нарачаме моторчето? Викам не скапо ми е и кој ве ебе ќе си го поправам на друго место.
ОДГОВОРОТ НА ДЕВОЈЧИЦАТА: Па да ви кажам искрено најубаво така.

Ете така се заврши мојот рилејшншип со Порше сервис.

Е сеа уште малку за колата. Иако сум напишал скоро се што мислам во некој претходен пост, ништо не се сменило и покрај нелагодностите напоменати погоре. Многу многу брза и затоа заборавам на се друго што не чини. Веројатно е единствената Шкода тука со максимална брзина од
291 km/h. Немав камера во тој момент и на крај памет не ми дојде да сликам со телефон. Непријатно у секој случај, свири од ретровизори, од кров фучи... страхотно али иде. Убрзање видовте, тепа сериозни тркачи. Се на се ОК кола за таа цена која што јас ја купив.

ЗАКЛУЧОК: Колку и да е брза, јака, опремена.... она си е една добра ШКОДА.



Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1078
Одг: Skoda Superb 2.0 TSI 4x4 DSG7
« Одговори #393 на: 26 Ноември 2023, 21:15:53 pm »
Ех ситни работи, истите проблемчиња ги имат и другите марки на коли  :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Skoda Superb 2.0 TSI 4x4 DSG7
« Одговори #394 на: 26 Ноември 2023, 22:00:48 pm »
Викам јас овие од Шкода / Порше Скопје се преваранти невидени.

022603744 има еден Љупчо, као customer care е, можеш комотно да му се јавиш убаво да му обајсниш.


Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Skoda Superb 2.0 TSI 4x4 DSG7
« Одговори #395 на: 26 Ноември 2023, 22:08:45 pm »
Среќа што е Шкода, па ќе кажеш „ок Шкода е“. Замисли истово ова кога ќе ти се деси (а се дешава) со „германски-несеквари-премиум-брендови“ со нишан, пропелер или кругови на хауба. Тек тогаш и фактурите и нервозите 30 пати поголеми :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1413
Одг: Skoda Superb 2.0 TSI 4x4 DSG7
« Одговори #396 на: 26 Ноември 2023, 22:15:42 pm »
Не е пост за жалење, онака само што се дешава и дека гуми сменив 😂😂

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5922
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Skoda Superb 2.0 TSI 4x4 DSG7
« Одговори #397 на: 26 Ноември 2023, 22:32:25 pm »
Да не биде штур запис  ;D

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Skoda Superb 2.0 TSI 4x4 DSG7
« Одговори #398 на: 26 Ноември 2023, 22:36:42 pm »
Ретко искрен пост.

Секој што имал ново ауто од групацијата на Порше и (барем во сервисен рок) во Скопје го сервисирал кад тад ќе сфати дека ем се прескапи ем не се мега професионални па ќе почне да оди или во некој друг овластен VW сервис во МК или во инди VW сервис.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Skoda Superb 2.0 TSI 4x4 DSG7
« Одговори #399 на: 26 Ноември 2023, 22:47:01 pm »
Оти, бе, даа...

Јас ги баталив заради тоа што секој пат на редовен сервис наместо пола саат ми тепаа по 3 саати, ама баш секој пат...
За вакво нешто со три хебли се влегува (или уште петтиот ден одиш кај управата/пашата :D)

OZ навистина изгледа супер, може име на моделот да дознаеме?
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Skoda Superb 2.0 TSI 4x4 DSG7
« Одговори #400 на: 26 Ноември 2023, 23:11:13 pm »
Добро а тие рандом грешки дали исчезнаа со промена на водната пумпа и термостатот? Моторче за централно 16 000денари?? Златно да не е?? Забегале со умот тие.

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4998
Одг: Skoda Superb 2.0 TSI 4x4 DSG7
« Одговори #401 на: 26 Ноември 2023, 23:21:02 pm »
Mene toa so rackata za menjacot mi e neviden fail. Preku qr vekje samo kratat na kvalitet a ceni pukaj u nebo

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Присутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: Skoda Superb 2.0 TSI 4x4 DSG7
« Одговори #402 на: 27 Ноември 2023, 08:26:32 am »
Добро а тие рандом грешки дали исчезнаа со промена на водната пумпа и термостатот? Моторче за централно 16 000денари?? Златно да не е?? Забегале со умот тие.

Едноставно ти лупа маржа 150-200%, па ако сакаш бујрум.
Јас планирам сервисите да си ги правам во МКМ во Струмица, ем од таму ја земав, ем сум цело време во движење па не ми е проблем 2 пати годишно до таму за сервис.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Skoda Superb 2.0 TSI 4x4 DSG7
« Одговори #403 на: 27 Ноември 2023, 08:42:45 am »
Кој викаше, ја оставам таму колата за гаранција дека не се замарам , класниот ?


Sent from my iPhone using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Zizi

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 202
Одг: Skoda Superb 2.0 TSI 4x4 DSG7
« Одговори #404 на: 27 Ноември 2023, 09:45:29 am »
Кој викаше, ја оставам таму колата за гаранција дека не се замарам , класниот ?


Sent from my iPhone using Tapatalk

Сите го велат тоа, дека на друг мајстор тешко може да му се верува а и не ти дава никаква гаранција за сработеното