Малку можи лаичко прашање ама сеа ми текна, пример на песок секогаш се поттушнуваат гумите за подобра тракција е сеа дали има врска на снег со припумпување/тушење на гумите за подобра тракција?
И да и не, повеќе накај не.
Ко шо знам јас, зимно време се намалува притисокот на пневматиците.
Не се намалува, погрешно „знаеш“. Притисокот во пневматиците треба да биде како што наложил производителот. Никаде не пишува дека зимно време треба да се намалува притисокот.
А ако возам, се дешава некогаш на некој предели за на скијање да е константно снег недочистен пат и секогаш има крелиња шо претицуваат па ќе заглави на некоја кривина заради некој шо иди од спротивна лента пљ настанува колона и проблеми... Иначе си носам компресорче вкола не ми е проблем да си играм на пат.
Не ти се исплати да ризикуваш живот, да ти излезе недоволно напумпана гума од бандаж и да направиш штета од иљадници евра.
Значи намалување за на снег, Данке )
Никако, не си ставај трн во здрава нога, не се глупирај. Тоа се однесува ако возиш offroad па да глумиш ратрак со поширока нагазна површина. На нормален снег ти треба што помала нагазна површина тоест повеќе притисок на единица површина за подобра тракција и полесно сечење на снегот и доаѓање до цврста подлога.