Во потрага сум по добра средна класа на зимска гума и ги прошетав ''гумарите'' и завртев и неколку телефона успат и ги добив следниве цени за 185/65/р15 со вклучена монтажа:
GT Altimax Winter 3 2800 ден.
Мислам дека и тука имаше статија за нејзинотото претставување. На инсистирање на продавачката од Мотоцентар отидов да ја разгледам и тотално се разочарав. Не сум видел гума со помеки ѕидови до сега, пустата едвај стоеше исправена во салон. Сите гуми од овој производител се произведени во Романија, ако некој го интересира и тоа.
Fulda Kristal Montero 3 3300 ден
Квалитетна гума, тивка и добри резултати на мокро и суво, послаби на снег. Не се одлучив за неа бидејќи е стар модел на гума (5-6 години) кој наскоро ќе биде сигурно заменет со нов и ако успеам да искинам една во блиска иднина не ќе можам да најдам да заменам. Истото ми се случи со претходниот сет на зимски/летни гуми.
Uniroyal ms plus 77 3150 ден
Исто така стар модел на гума, скоро ќе биде сменета, најдобра гума за влажни и врнежливи зими кои ние реално тука и ги немаме и затоа отпаѓа
Firestone Winterawk 3 2800 ден
Ова гума првенствено ми беше фаворит, ама исто така е стар модел и за некоја година ќе биде тешко да се најде замена
Hankook Icept rs2 3100 ден
Го возев претходникот на оваа гума 3 зими и сум задоволен. Произведени во Унгарија. Многу малку се троши (крампон), солидна гума за сите зимски временски карактеристики. Реално ханкок имаат најдобар страничен ѕид кој нема шанси да се деформира, единствена негативна работа е бучноста. Гумата влегува во мој најтесен избор.
Kleber Krisalp Hp3 3150 ден
Нова гума, уште нема доволно тестови со неа, за жал го има лошиот балонест страничен ѕид на мишелин кој обавезно страда на удари во ивичњаци или подлабоки дупки, ама затоа единствена доаѓа со extra load. За наш пазар произведена во Романија или Полска. Гумата е одлична и на суво и на мокро и на снег. Дефинитвно влегува во најтесен избор.
Nokian WR D4 3500 ден
Гумава е мистерија за мене. Има одлични возни карактеристики, на некои тестови е победник, а на некои е губитник. Не е бучна. Ама затоа има склоност да почне да се распаѓа после одередена километража. За нашиов пазар се произведува во Русија. Од многу луѓе имам слушнато негативни коментари за нокиан како бренд. Пред се за тоа како не се трајни.
Continental ts 860 4000 ден
Број еден зимска гума во моментов, ама решив да не одам на премиум гуми и ќе се придржувам до тоа.
Значи останува или ханкук или клебер.
Постов е за да му се најдат цените на некому и за да си направам лично за мене краток пресек.