Земав Continental TS860 . Први впечатоци во однос на летните GoodYear Efficient Grip Performance:
Континенталов се поудобни, помалку се осеќаат дупките.
Незнам како, ама подобар фидбек има, при нагли покрети лево десно побрзо реагира колата.
Добро држат, исто како Гудиерот во лето.
Доста потивки се.
Лошо е што се премногу меки и на температури над 5 степени се оштетуваат при агресивно возење. Вчера ги запнав малку, гледам почнале да летаат ситни парчиња од нив...