Треба деновиве да купам зимски гуми (дименз: 195/60/15). Бев спремен да земам Сава Ескимо Ѕ3+, но читајќи ги вашите коментари, а и општо коментарите по нет сфаќам дека сава има одлични перформанси на снег и лоши на дожд т.е. на суво време, пошто во Скопје има снег само пар денови годишно ми се чини како глупа идеја да купувам Сава. Опции под б) и в) ми се тигар (винтера) и петлас. За петлас има слични коментари како и за савата, одлични на снег и исподпросечни на суво или влажно време. Молам за ваш коментар т.е. за предлог гуми во ценовната рамка на овие брендови погоре.