@Џонтра: самиот си кажуваш, за нексенот после неколку години реален муабет, а неколку поста претходно викаш дека се катастрофа... сам си контрадикторен на себе.
и Nokian до пред некоја година беа доста евтини, тоа требаше да значи дека не се добри и дека се катастрофа? не споредувам Nokian со Nexen, чисто кажувам дека цената не треба да е репер за тоа колку е "катастрофа" некоја гума. без километар извозен со нив, мислам дека конкретно ти не си компетентен да кажеш дали се добри или не.
од друга страна, Nexen гумите во Северна Америка и голем дел од Азија, се исто како Тигар и Сава кај нас. гуми со традиција од десетици години. тоа што на нашиот пазар се непознати, не значи дека не чинат.
и трета работа... возам Nexen и зимски и летни, на повеќе возила. конкретно кога збориме за зимски, имам зимски 205/55/16 на Астрата и 175/65/14 на Цитроенот. исто така имам 155/70/13 Hankook w442 на Матизот. последниве, демек треба да се ептен подобри од Nexen (дека нели поскапи), ама не се. ништо посебно. како првите, како другите, така и овие. ги возев цела зима (скопска зима, повеќе влажни улици, сув студ, по некој сончев ден, а најмалце снег), сите три сета (околу 2500км со сите), гумите се понашаат идентично. единствена разлика има во бучавата и тоа минимална.
пак викам, никогаш не сум споредил Nexen со било кој премиум бренд... ама кога збориме за гуми од средна, ниско - средна класа, јас можам само да ги пофалам. за нормално возење, во наши услови, и со цена каква што имаат, гумите се одлични.
останува само да се види, колку брзо ќе се потрошат, а за тоа треба да помине некоја година (па впечатокот ќе биде комплетен).