Автор Тема: Зимски гуми  (Прочитано 1484066 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #5730 на: 30 Октомври 2016, 23:01:17 pm »
Сава.
За Нексенот ќе видиме за некоја година, ама според цената... слабо.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3950
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг:
« Одговори #5731 на: 31 Октомври 2016, 00:04:50 am »
Значи не си ги пробал, не знаеш какви се, а кажуваш дека се катастрофа, само врз основа на цената?

Океј. Толку од мене.

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17781
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #5732 на: 31 Октомври 2016, 01:06:58 am »
Дечки искуство со Dayton зимскиве гуми има некој,глеам дека се помеѓу најефтините ама би бркале работа појќе од летен сет ја мислам.

Не е поарно половни од една/две класи погоре за парите?

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #5733 на: 31 Октомври 2016, 08:01:51 am »
Реткo дa нaјдеш пoлoвнa зимскa гумa, кoјa не е вoзенa летнo време и е изгoренa. И дa не е вoзенa ќе биде пoстaрa oд 5 гoдини, oвa гo кaжувaм oд oнa штo имaм гледaнo oд прoдaвaчиве зa гуми, мaгaцини...
Пoдoбрo нaјефтинaтa дa јa земе нa нoвo, мoе рaзмислувaње.

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1080
Одг:
« Одговори #5734 на: 31 Октомври 2016, 08:05:57 am »
Јас возам Нексен 205/55/16 зимски и сум презадоволен. Супер се за сите услови. Пробано киша, кал и снег и немаат гајле. Во споредба со тигар што ги имам се подобри.

Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk


Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг:
« Одговори #5735 на: 31 Октомври 2016, 09:16:15 am »
Значи не си ги пробал, не знаеш какви се, а кажуваш дека се катастрофа, само врз основа на цената?

Океј. Толку од мене.

Да. Цената терба да е мерило за квалитетот. Ако си ги купил оваа година и си ги возел два месеца и си „презадоволен“ не значи дека се добри.
Секоја гума е добра првите две години. Ти може да си презадоволен и од Континентал но не значи дека се на исто рамниште, а едната чини дупло и повеќе од другата.

Меѓу Савата и Нексенот, како прво не се во иста ценовна класа. Чим изборот е сведен на двете значи човекот има буџет да ја купи поскапата. Чим има таков буџет, во таа ценовна класа има многу подобри гуми од Савата. Помеѓу тие гуми и Нексенот скоро сигурно дека Нексенот е помалку квалитетен.

Затоа реков за Нексенот можеме да зборуваме после неколку години, да видиме прво како изгледаат нексен извозени 3-4-5 сезони. Кога е зимска гума во прашање, а треба да те извади од сериозна ситуација на Божиќ навечер кога немаш помош а си заглавен некаде со жена и дете, за 300 денари разлика по гума го земаш подоброто за да ризикуваш минимално.

Ме интересира, која цена ги доби за Савата и Нексенот?

Отсутен AUDIZAKON

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 49
  • Идеш за канаду сиви Ауди рола по граду...
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #5736 на: 31 Октомври 2016, 09:32:21 am »
Контра, експерту од секоја област, зимните нексен се многу подобри од гумите со кој што се ценовно блиски. Отвори малку, прогуглај за нексен, колку имаат вложено во технологија па спореди ги со сава. Многу брзо нексен ќе биде во топ брендовите за гуми во светот, ти не гледаш што вози светот, туку комшијата со пасатот и некого овде грешно наведуваш, а немаш поима.


Sent from my iPhone 7 using Tapatalk

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3950
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #5737 на: 31 Октомври 2016, 09:33:49 am »
@Џонтра: самиот си кажуваш, за нексенот после неколку години реален муабет, а неколку поста претходно викаш дека се катастрофа... сам си контрадикторен на себе.

и Nokian до пред некоја година беа доста евтини, тоа требаше да значи дека не се добри и дека се катастрофа? не споредувам Nokian со Nexen, чисто кажувам дека цената не треба да е репер за тоа колку е "катастрофа" некоја гума. без километар извозен со нив, мислам дека конкретно ти не си компетентен да кажеш дали се добри или не.

од друга страна, Nexen гумите во Северна Америка и голем дел од Азија, се исто како Тигар и Сава кај нас. гуми со традиција од десетици години. тоа што на нашиот пазар се непознати, не значи дека не чинат.

и трета работа... возам Nexen и зимски и летни, на повеќе возила. конкретно кога збориме за зимски, имам зимски 205/55/16 на Астрата и 175/65/14 на Цитроенот. исто така имам 155/70/13 Hankook w442 на Матизот. последниве, демек треба да се ептен подобри од Nexen (дека нели поскапи), ама не се. ништо посебно. како првите, како другите, така и овие. ги возев цела зима (скопска зима, повеќе влажни улици, сув студ, по некој сончев ден, а најмалце снег), сите три сета (околу 2500км со сите), гумите се понашаат идентично. единствена разлика има во бучавата и тоа минимална.

пак викам, никогаш не сум споредил Nexen со било кој премиум бренд... ама кога збориме за гуми од средна, ниско - средна класа, јас можам само да ги пофалам. за нормално возење, во наши услови, и со цена каква што имаат, гумите се одлични.

останува само да се види, колку брзо ќе се потрошат, а за тоа треба да помине некоја година (па впечатокот ќе биде комплетен).
« Последно менување: 31 Октомври 2016, 09:40:40 am KaZaN »

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг:
« Одговори #5738 на: 31 Октомври 2016, 09:58:05 am »
Да. Цената терба да е мерило за квалитетот.

Цената може да е во релација со квалитетот, меѓутоа квалитетот се мери со низа објективни својства на гумите кои можат - но не мораат - да се во строга зависност од цената. Три збора: Michelin Energy Saver.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #5739 на: 31 Октомври 2016, 10:37:54 am »
@Kazan
е добро де, и тоа добар инпут од твоја страна дека не забележуваш значајни разлики. Кога ќе се потсоберат повеќе мислења и искуства ќе се формира квалитетен став.

@FilipV Michelin Energy Saver е сериозно добра гума со одлични карактеристики додека не подостаре. Тоа е моето искуство и искуството наповеќе други луѓе овде што изнеле. После 5-тата година веќе почнуваат да попуштаат.

Отсутен A4-B8

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 544
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #5740 на: 31 Октомври 2016, 11:23:25 am »
Hankook кога ги донесоа прв пат на пазарот, цената им беше смешна во споредба со сите други произведители на гуми кои беа присутни на нашиот пазар. Откако се покажа дека се со многу подобар квалитет од конкурентите, се најдоа и ценовно таму каде што и треба. така да цената не секогаш е мерило за квалитет, голема улога игра и политиката на компанијата, дали ќе улагаат во скапи реклами или ќе одат на почетокот со пониски цени за да можат да се пробијат на пазарот. јас верувам дека Нексен за неколку години ќе бидат гуми во класа (мислам ценовно)  на Ханкук. Нексен не се толку нов бренд, можеби кај нас се ама во Америка се присутни подолго време и добро се прифатени.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #5741 на: 31 Октомври 2016, 11:23:34 am »
Секако, јас во повеќе наврати кажав дека Michelin Energy Saver Plus e тапа гума, која има слаб грип и не држи добро во кривини уште првите 3 месеци. За нормално возење е добра, како и секоја гума.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1305
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #5742 на: 31 Октомври 2016, 11:29:32 am »
Искуство со Нексенот немам, ама минатата година прогуглав малку и бев изненаден од резултатите. Резултатите од тестови и review-ата навистина позитивно ме изненадија. А што се однесува до Hankook, имав на пикапот пред 6-7 години летни, беа жива катастрофа.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #5743 на: 31 Октомври 2016, 11:32:17 am »
@FilipV Michelin Energy Saver е сериозно добра гума со одлични карактеристики додека не подостаре.

Ќе го оставам ова тука вака да поседи малце на ачик.

Од сите одлични карактеристики, најодличната е што можеш да ги извадиш од колата и да ги смениш со други, но смо откако ќе престанеш да се пцуеш сам себе за парите кои си ги фрлил заради брендот.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг:
« Одговори #5744 на: 31 Октомври 2016, 12:21:13 pm »
Saver-oт е дoбрa пoрaди издржливoстa нa дoлгa килoметрaжa и зa релaтивнo бaвнo вoзење пoсебнo нa дoжд. И Plus oт не е нештo пoдoбaр, зa тие пaри имa пoдoбaр избoр.

sent from Tapatalk