Ајде малку да споделам искуство од Латвија. Значи не велам дека сум во право или не туку да пренесам како овдека возачите купуваат зимски гуми. Тука зимата е благо речено дупло поладна од Македонија и трае многу многу подолго време. Зимските гуми обично овој период почнуваат да се користат па се до Април месец. По статистика гледано на сообраќајни несреќи во Латвија има многу помалку. Пред се би ја вклучил техничката исправност на возилота, (каде што другар мој го вратија од технички затоа што предните зимски гуми му биле различни од задните) и нормално културата на возење. Во Македонија во повеќето градови, снег скоро воопшто да нема. Или е влажен коловозот, или пак сув но сепак ладно време. И кога гледам тука на форумов 90% од луѓево купуваат премиум брендови како Michelin, Goodyear, Nokian, Pirelli, Continental и ако некој сака да купи Nexen одма му се нафрлувате со коментари колку пари толку музика. Заштедете си ги парите ако возите постара кола еве да речам 5 години и за тоа купете си нешто друго. Ве молам без коментари па таа разлика ќе смени дали ќе си удрел пешак или не. Таа веројатност е стотици пати помала од вашата култура на возење според условите на патот. Па зимата во Македонија е толку кратка и најважно не е сурова како во овој дел на Европа така што дали ти имаш Нексен или Мишелин е толку маргинално важно, во споредба со возачката култура пред се!!
Тука значи да видиш на кола премиум бренд гуми е толку ретко. Премиум брендови на гуми се користат само во коли не постари од 3 години. Се друго што гледам е кинески брендови кои што верувам уште ги нема во Македонија а и никој не би ги купил во скоро време поради мислењето дека гумите толку многу влијаат на безбедноста во споредба со како вие возите во согласнот со условите на патот. Значи најчести брендови кои што јас сум ги сретнал, нормално освен кинеските кои што искрено не ги памтам по име се Barum (ги видов на нов Голф 7!!!), Hankook, Debica, Lassa, Kormoran (многу често). Значи највеќе кинески брендови па после овие што ги набројав па на крај чат пат да видам Мишелин, Гудјиер, Нокиан итн.
Затоа не подобро, туку многу многу подобро е Нексен или Корморан во споредба со техничко неисправно возило или во најлош случај користење на летни гуми во зимски период.