Што им фали на Нексен? Сакам да ги видам, а и имаат добра цена. 4 гуми за 8400 денари. Подобро најлоши зимски гуми него најдобри летни.
Шо знам... Со летните барем не се залажуваш дека имаш зимски гуми... 
Колку што можев да „истрчам“ по нетов (пошто и мене нели ценава ме намами), не котираат баш добро зимските Нексен.
Jaс не верувам на тестови многу многу, пошто голем дел од нив се прават пристрасно. Ене ти го најголемиот релевантен сајт, АДАК, што се случи со него...
И после тоа мислиш дека треба да верувам некому? Ма јок.
Од уста на уста, искуство некој што имал.
Инаку од мое искуство можам да ти кажам дека Тигар Винтер1 се одлични гуми за снег. А по странски сајтови дури не ги ни есапат.
Имав Јокохама, која на снег лизгаше како да си со олсизн гуми.
Кој бренд е Јокохама, кој е Тигар?
Не дека е ова некој репер, него чисто да споделам искуство. Нокианот WR D3 беа одлични и на снег и на суво, но беа тврди.
100 години до сеа Мишелин важи за еден од најдобрите брендови, ама види какви испади прави...
Нема правило.