Јас нарачав гуми да ми донесат од Бугарија, преку „Клинчар“ од Неготино, кој има 2-3 увоза месечно. Особено е исплатлив за премиум брендовите на гумите, мада и кај останатите има подобри цени. Очигледно е дека Скопските увозници на гуми, претеруваат во математиката на заработка.
Winter Cross Contact на Conti, во Скопје, кај најголемиот увозник ми ја дадоа по цена од 250 Евриќа и тоа „пријателска“ цена демек, а стандардната преку Клинчар е 215. Димензија 235 50 18
Удрите математика дека на таа од 215 евра заработува и овластениот увозник од Бугарија, Клинчар Неготино па + и превоз од Бугарија до Македонија.
Ете го аздисот.
Со оглед дека ја познавам корпоративната политика на цени на Schaeffler а тие еден од главните акционери на Conti верувам дека набавните цени за балканските земји е иста.
Мене ми остануваат 140 Евра, да го однесам „пријателот“ од кај нашиот увозник, на доручек

Него му остануваат гумите, и да најде некој друг да му ги продаде.