Логиката за зимски гуми е едноставна.
Инвестиција од (рецимо) 300 евра за следниве 5 години (мислам дека мене толку ме коштаа моите Nokian WR D3 во димензија 205/55/16). Тоа се 60 евра годишно. 5 евра, односно 300 денари месечно.
За 300 денари месечно, јас ќе бидам раат тие 4 месеци годишно кога зимските гуми се обавезни, без разлика дали имало снег или не. Нема да се мислам дали да излезам надвор од Скопје или не, нема да се замарам со ланци, нема да се замарам со ништо, и нема на секое мали проврнување снег да се тресам дали ќе успеам да закочам или не.