Таа бројка 7 е од прилика. А башка разликите во перформансите помеѓу само 7 степени секако не би биле драстични.
Така.. Значи, бидејќи ти спореди летни и зимски гуми, во услови кои не се за тоа соодветни, одлучи дека еден бренд не е добар?
Валидно, валидно.
Не ме разбравте што сакам да кажам. Не се ни потрудивте.
Еве нека нема споредба на гуми. Вчера колку беше температурата? 15-тина степени? Можеби нешто помалку?
Значи при тој услов Нокианот WR се катастрофа. Доколку би имало минимум ниво на перформанси за гумите да бидат легални, мислам дека Нокианот не би прошле.
Вчера дополнително потенцирав, можеби плус фактор освен температурата е мрсниот асфалт, паднати лисја и слично, но истите фактори влијаеа и на Нокианот и на Контито.