Проблем е што ист модел на гуми во различни димензии не даваат исти перформанси.
Затоа и различни импресии со Нокиан или било која друга гума.
Така е!
Оценката на гумата МОРА да оди заедно со овие параметри:
1. Марка
2. Модел
3. Димензија
4. Старост во моментот на купување (може седела 3 години у магацин во полу-соодветни услови?)
5. Тип на возило
6. Како е одржувана (ни една гума не е добра ако е ударана, пумпана-испумпана-пумпана-испумпана, т.е. вадена и ставана од бандаж секоја година, ако не е возена со исправен притисок итн...)
Соодветна и добро одржувана лоу енд трајал ќе даде подобри резултати од несоодветна и лошо одржувана премиум континенталка
Само марката не е доволна. Ни приближно.