Денес поприлично штрампав низ градов па го искористив моментот да напаравам една улична статистика околу користењето зимски гуми.
Земен е примерок од околу 50 - 60 возила.
70% од нашите сограѓани користат зимски гуми со што пријатно сум изненаден. Останатите 30% се ко мене и се со ултра летен сет на пневматици.
Интересно е што од корисниците на зимски гуми дури 90% се со 4 зимски гуми останатите се со 2 и 100% се монтирани на погонските тркала.
Тоа што ме изненади е дека од 10 луксузни возила кој влегоа во статистикава дури 8 се со летни гуми, додека сите ( дури 3) сув возила беа со гуми кој не се зимски но не се ни летни. Имаат крампони но ги немаат запчињата карактеристични за зимските.
Од аспект на истрошеност гумите во 90% случајеви беа во одлична форма а само кај неколку поради излижаност морав да се наведнам за да констатирам дал се работи за летна или зимска гума.
Скоро 100% од возилата со старост 0-5 години се со зимски гуми и истите се во одлична состојба.
Имав и некој други детаљи ама толку ми собира меморискава картица.
Закључок, догодина и ја ќе турам зимски
