Во тестовите на ADAC, уделот на категориите при тестирање, во вкупната оценка е следниов:
Држење на суво: 15%
Држење на мокро: 30%
Држење на снег: 20%
Држење на мраз: 10%
Бука: 5%
Потрошувачка на гориво: 10%
Абење: 10%
Тестовите се прикажуваат со сите параметри баш за да може секој да ги анализира гумите, а не да видиш кои се први на список, и трк у продавница. Тоа што на крај е даден генерален пласман на гумите, не значи дека секому ќе одговараат по тој редослед. Секој треба да ги рангира според своите побарувања и потреби.
Точно е дека 80-90% од времето зимските ги тераме на мокро или суво, ама исто така е битно во тие 10-20% на мраз или снег да не останеш заробен.
Јас гледам гумата да е добра на снег и мраз бидејќи не сакам да излегувам по снеговите на планина и да местам ланци. Фала богу, ланци не сум местел десетина години, а сум се акал по најголеми снегови.
Кај сите тестови гледам и колку е разликата во вкупна квантифицирана оценка меѓу првите и средно рангираните. Ако таа е мала и незначителна, човек нема да згреши ако ги земе и средно рангираните, доколку цената е поинтересна.