Hankook Icept Evo 2 се едни од најтивките гуми на пазарот, ама се веќе стари. Заменети на пазарот со РС3 и evo3, и многу ми е жал ако ја уништиле тишината која ја имаа. И јас истражувам периодов, и изгледа се погласни новите. Решиле да си пукаат во колено.
Страшното е што скоро сите производители се станати страшно гласни, поготово на Coarse Asphalt. А внимавајте дека сите тестови се на Smooth Asphalt и се тотално нерелевантни на ова поле.
Што да бираме за тишина?
Од анализи со месеци наназад на тема која не сакам да ги сменам Evo2 зимските, ама веќе се престари, стигнав до:
1. Continental TS870 95H (кои веќе ги имам на друга кола, ок се)
2. Continental TS870p 99H XL
3. Goodyear UG Performance 3 99H XL
4. Michelin Alpin 7 99H XL
Од алтернативните Ханкук и Нексен кои знаат да нудат тивки гуми, некако не гледам верзии кои се тивки... Жалосно. А ЛингЛончето е испод пола цена од се ова, ама душа не дава ЛингЛонгче имево убива ментално. Здравје за некоја година ќе се привикнеме на имево, секако ќе се над сите во се.