Автор Тема: Зимски гуми  (Прочитано 1322759 пати)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9510 на: 14 Ноември 2024, 18:24:15 pm »
Дечки ве молам за совет, треба да купам зимски гуми, 205-55-16, цените се со монтажа и балансирање

Тигар винтер 3400 ден.
Матадор нордика: 4200
Сава с3: 4200
Сава ескимо хп2: 4300
Лауфен и фит+: 4350

Ќе се вози претежно надвор од град, рачунајте и Стража, Пресека често ќе се вози.

Јас земав Матадор нордика во истата димензија. Имав едно кочење на суво така малку појако, беа ок. За почеток доста се тивки.
За останати услови допрва ќе видиме.
Бидејки возам матадор хектора 5 летни, затоа и зимски земав.

Иначе јас од кај Сава гуми гуми на фејсбук, го знаат некои и од форумов Дејан се вика, кај Дојрана се наоѓа, од кај него ги земав, по 3900 од гума.

Отсутен Basket

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9511 на: 14 Ноември 2024, 20:59:55 pm »
Кога кажав дека ќе се вози низ Стража и Пресека мислев за викенди, можеби два викенда месечно.

Имаше многу евтини Петлас на Ананас по 3333 денари, не бев сигурен какви се а и не знев каков Дот се, гледам веќе ги повлекле, веројатно се продале.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9512 на: 15 Ноември 2024, 10:39:13 am »
И тоа Сава С3, немој таа ХП2
Зошто?
Неколку луѓе ми го имаат посочено тоа, мислам дека беше поради тоа што имале послаби резултати на сув асфалт, а последно таксист од Битола ми посочи дека С3+ е каде каде подобра од ХП2, како а спомна дека и побрзо се стврднувала. тука на форумот исто го кажа некој од искуство, ама не ми текнува кој беше, нека се јави
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9513 на: 15 Ноември 2024, 11:35:37 am »
ЈАс ги возев 7 години зимски, една лето и зима и ги допоебав од тоа.
Углавном како за зимска гума задоволен. Низ секаков снег сум излегол, чистен, мраз, снег до патос, и тоа добри години држеа грип.
Мислам дека за снег им нема рамни. За другото, шознам не осетив некое претерано лизгање при нормално возење никогаш не ме  изненадиле,како шо плачат некои луѓе, е сега пошто најчесто возам сам знам и да ми тежи ногата и да газам, во такви услови нормално е да лизгаат, како и се на кола шо имам досега ставено ама во некои граници на нормала, секогаш до мојата проценка на излизгување.
Веќе претпоследната година ги осетив дека почнаа да подлизнуваат на влажно и истерав едно лето со нив и тука веќе ги допоебав од жеокото, наредната зима веќе беа санки со сериозен андерстир при најмала влажност.
Сега нарачав други, чисто онака да сменам, би ги земал пак иначе.
Петласот незнам кој модел ама го гледав како буџет гума ставен на Tyrereviews видеото за тест за зимски, за снег ги турна сите останати, ама само за снег, за се останато беше сериозно невозлива колата, до толку лоша со извртувања да неможе ни да се заврши тест. не би ризикувал со нив јас лично.
« Последно менување: 15 Ноември 2024, 11:40:52 am vladic3110 »
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 588
    • ibiz.mk
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9514 на: 15 Ноември 2024, 16:04:40 pm »
Континентал моделот е со 2024ДОТ, ке ги добијат на лагер на 15ти и затоа е оваа цена моментално, (како преднарачка)
фала на препораката, реално за 4500 е супер понуда. Да сум сигурен наредни 5-6 години(~20000км)

Стигнати.
Вчера ми стигна од екупи мејл дека се пратени, утрово од ЕЛС
Предмалку ги земав. Ги очекував според сајтот после 22ри затоа мислев викендов старите бандажи да ги посредам и на челични али изгледа ке се местат

Инаку пред да платам дот видов 1924

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5901
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9515 на: 15 Ноември 2024, 16:10:42 pm »
Топ за цената, пола година стари.

Отсутен kokos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 195
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9516 на: 15 Ноември 2024, 16:28:59 pm »
и јас денес на Citroenko му ги наместив зимските гуми

Отсутен Tiro

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 298
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9517 на: 15 Ноември 2024, 20:44:29 pm »
Dojde red i za gumi menenje da zakazuvas. Ti e*am rabotava.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5901
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9518 на: 15 Ноември 2024, 20:47:38 pm »
Затоа два пара бандажи и еден клуч. А ако мора да се балансираат и монтираат нови гуми нека биде на пример 2 недели пред 15ти. Јас искористив една сабота за тоа (викендот на 02.11), иако и тогаш ме одби еден вулканизер (13ти сум бил што чекам), додека кај друг бев втор и веднаш завршив работа, додека мајсторот балансираше, чиракот монтираше на кола.

Отсутен Tiro

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 298
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9519 на: 15 Ноември 2024, 21:36:05 pm »
Mnogu pari barat za polovni aluminiumski 300 evra a novi da gi kupam se 360 evra. Celicni nikade nemozam da najdam iako bi mi zavrsile rabota ite kako dobra rabota zosto samo 3 mi trebat + rezervna. Ako nekoj sretne celicni 5x98 neka pise.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5901
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9520 на: 15 Ноември 2024, 21:40:39 pm »
Да прашам кај еден човек, која димензија се (15ки,16ки,17ки) и за која кола?

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 531
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9521 на: 15 Ноември 2024, 22:20:53 pm »
Dojde red i za gumi menenje da zakazuvas. Ti e*am rabotava.

Нема нешто поубаво од онлајн закажување со плаќање…
Пред дестина дена видов прогноза дека ќе залади, закажав и платив за денес, 17:30. Бев таму во 17:27, потпишав, дадов клучот, си седнав, во 17:50 си заминав… а надвор останаа да се расправаат кој бил на ред, кој кога дошол, зш се пуштале некои преку ред ;)
« Последно менување: 15 Ноември 2024, 22:35:13 pm R2D2 »
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен nikomil1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 724
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9522 на: 15 Ноември 2024, 23:14:50 pm »
Dojde red i za gumi menenje da zakazuvas. Ti e*am rabotava.

Нема нешто поубаво од онлајн закажување со плаќање…
Пред дестина дена видов прогноза дека ќе залади, закажав и платив за денес, 17:30. Бев таму во 17:27, потпишав, дадов клучот, си седнав, во 17:50 си заминав… а надвор останаа да се расправаат кој бил на ред, кој кога дошол, зш се пуштале некои преку ред ;)

nema poubavo od sam. niti da odish niti da se raspravash .. niti da ti pretegnat shtrafovi. sekako deka nekoj da ti smeni e mnogu polesno...ama mene psihichkata maka so guzvite mi e pogolema od fizichki da smenam 4 trkala

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9523 на: 16 Ноември 2024, 01:23:52 am »
За гуми со упут се оди по ново ? :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9524 на: 16 Ноември 2024, 02:10:22 am »
Dojde red i za gumi menenje da zakazuvas. Ti e*am rabotava.

Нема нешто поубаво од онлајн закажување со плаќање…
Пред дестина дена видов прогноза дека ќе залади, закажав и платив за денес, 17:30. Бев таму во 17:27, потпишав, дадов клучот, си седнав, во 17:50 си заминав… а надвор останаа да се расправаат кој бил на ред, кој кога дошол, зш се пуштале некои преку ред ;)

Роџо, ако ти е ок - да споделиш каде одиш и дали редовно е закажувањето цели 10 дена однапред или е изолиран случај?

Од претходно што зборувавме, само 2 места во Скопје гледам дека ја имаат можноста.
Ако сакаш да споделиш каде одиш, едно возило организирав дури за 21-ви следна недела...

Другово треба допрва да го средам.
Добра плата.
Прав скопјАнец.