Скоро ич не возам после 9-10 навечер, а и да возам сигурно ќе биде градска. Имам од девојка ми колата на зимски гуми за тоа, ако ги ставам зимските сега и преку ден на 16 ја возам ко што знам да ја возам, задните ќе ги изгорам пред да стигне зима. Ќе ги монтирам кога ќе залади
Паметно и јас така би играл
На претходната кола никогаш сум немал зимски гуми (уште нема), само добар летен сет, ама во зима се возела главно во град, никогаш на снег, речиси секогаш на позитивни температури, на отворено само пократки релации, ако имало само поволни услови. На планински превои во зима речиси никогаш не била...
Сега главно возење ми е на отворен пат, сакам да ми е спремна колата и да не се замарам дали паднал снег... посебно на планински превои за кои не важат временските услови кои се моментално во градовите...
Ова ми е прво мое вистинско зимско возење пред 3 години. Што морав да го направам без разлика на временските услови... Утрото кога тргнував од Охрид, уште од таму почна снегот, а по пат, качувајќи се нагоре, слушав дека има паднати дрвја, заглавени возила... Освен што прекинаа да работат некои од сензорите (прекриени со снег), што морав неколку пати да го чистам снегот/мразот од бришачите (се лепеше на нив, правеше топки, се топеше и мрзнеше)... зимските гуми се покажаа повеќе од одлични...