Ужас од гума, комплетно префорсирана и неосновано ценета. Тоа е можно само кај нас.
Вторпат го правам муабетов - има класи подобри гуми за истите или помалку пари. Ама не, Сава па Сава. :'(
Да, на снег солидна. И толку. Со сè останато - на дно.
Никогаш, ама асполтуно никогаш не сум имал проблем со Сава. Ни предна, ни задна вуча.
Ни малку наврнато, нит подмрзнато ниту пола метар снег.
Битолско дете сум, така што знам што е снег
Едина маана на Савата е што се бучни.
Сеа да седнете да ми кажувате дека Continental се подобри, знам дека се подобри. Светлосни години.
Ама се дупло поскапи.
За буџет гума, ако изборот е кинеска и овие, Сава е далеку подобра во секој поглед.
Затоа луѓето ги сакаат.
P.S Со цениве годинава веќе го губат статусот на евтина буџет гума и веќе навлегоа во други води, што според мене е утка. За малку повеќе пари се земаат подобри гуми - да речеме Hankook.