Да споделам негаривно искуство со pneumatik mk
Имено, во Сабота отидовме да стави татко ми гуми на колата.
Имаше Sailun, од кој имав дигнато раце, ама пошто не можеме да најдеме други, татко ми рече монитирајте.
Продавачот таму мед и млеко за марката, Туф или некаков сертификат, Германија, што не кажа, со Пирели ги спореди во стилот на овие имале сертификати Пирели што ги немале.
Пазаривме, плативме 2, и чекаме да дојдеме на ред да ги намонтираат (6 коли пред нас).
Кога ја земаа колата, појдовме, јас да видам што гуми ке стават пред да ги заменат постоечките, татко ми отпосле да види како ќе избалансираат, и во двата случаеви поприлично дрско си свикаа да не сме иделе накај мачините, сме сметале.
Ајде, прејдовме преку тоа, си викаме неколку дена пред 15ти Ноември, гужва, да не сметаме.
Го заштрафи едното тркало, и гледам сосема различна гума. Sailun но сосема различен модел, и произведени 2020.
Им посочувам, и тој дечкото нема криза, си продолжи да го заштрафува и другото тркало. Понашање што да ти кажам.
Го викнавме продавачот, и одма што има врска, ако е постара гумата, кај најде сега нели гледаш дека е гужва.
Го викна шефот, му кажа што му кажа и овој вика, нов е дечкото, згрешил.
Long story short, татко ми и ги врати гумите и си зема парите назад.
Така да, отварајте очи.