Автор Тема: Зимски гуми  (Прочитано 1297730 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8925 на: 28 Октомври 2022, 09:57:22 am »
Conti, Michelin се околу 2000ден поскапи од гума, така да Ханкукот е негде на средина по цена.
Зависно од цената може да испаднат и добар избор понекогаш. Тоа највеќе зависи од димензијата бидејќи кај 205/55Р16 разликата може да е релативно мала изразена во денари бидејќи и цената на самата гума е мала. Но, кај некои како 215/60Р16 може да има поголемо влијание. А што се однесува за тестови еве тука доста високо котира, да не речам дека е и најдобра на тестот со оглед на тоа што негативностите кои се прикажани, а тоа се зголемена бучава и зголемена потрошувачка се ирелевантни за зимски гуми. Поготово кај нас со микронски километражи.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1779
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8926 на: 28 Октомври 2022, 10:06:46 am »
Имам прашање до некој кој има искуство со "no name" зимски гуми (ама да ги купил нови) и со средна/премиум класа на гуми на истата кола.

Дали навистина имате осетено огромна разлика во реални услови (ладно, суво, дожд, снег) како што има во цената (скоро дупло и повеќе) или едноставно се водите по ривјуа каде екстремно се тестираат гумите и според тоа си оформувате лично мислење а воедно си ја оправдувате високата цена на премиум гумите?

Јас немам огромно искуство со зимски оти едноставно до пред 4-5 години многу малку ја возев колата во зима и ја претерував зимата со летни.

Со зимски поголемо искуство имам со Windforce кинеска гума во 14ка димензија за која немам никаква замерка. Значи ја имам возено во секакви услови (многу често на Плетвар каде има дожд, снег, мраз, емулзија, бразди... ), со поголеми брзини  и во ниеден момент не сум почуствувал да ми се однесува колата неочекувано.

Друго искуство (1 сезона) имам со Sava Eskimo HP2 во димензија 205-55-16 на БМВ (задна влеча). И нив ги имам возено во секакви услови на Плетвар (неразгазен и разгазен снег, тргнување од место на стрмен дел на разгазен снег поради извртен камион, на ладен асфалт, на дожд...) и сум прилично задоволен од гумите. Единствена замерка имам што на поголеми брзини (над 140) во кривини како да запливува колата (ама тоа зависи и од димензијата, а и секако не е паметно да се вози така).

Според моево скромно искуство не мора секогаш да се купат најскапите гуми, но кога би имал пари секако дека сакам да пробам премиум гума па да оформам ново мислење. Да не ме сфатите погрешно, не велам да се купуваат најевтините гуми, но подобро нови отколку стари пластични гуми да се возат во зима.

Отсутен Leon-cist

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 774
  • .
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8927 на: 28 Октомври 2022, 10:13:40 am »
и јас порачав на екупи ханкук зимски рс3 за 3500ден парче.(195/65/15). За 600 денари поевтини од стоп&го.
Си мислам да не прават некоја далавера овие од екупи или да не продават некоја фалш гума хмм
ПС: Лани на ова време купив две континенталки зимски со такозвано име винтерконтакт тс860, тоа беше премиум од гума за на влажен и сув коловоз но ги продадов заедно со колата. Ќе видиме сега со овие другите крапонки мада шарата на ханкукот е 7,7 мм додека на посочениот погоре модел на континетал шарата беше 8,5 мм
VW MK-7 (1.6 тди)

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 610
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8928 на: 28 Октомври 2022, 10:30:44 am »
и јас порачав на екупи ханкук зимски рс3 за 3500ден парче.(195/65/15). За 600 денари поевтини од стоп&го.
Си мислам да не прават некоја далавера овие од екупи или да не продават некоја фалш гума хмм
ПС: Лани на ова време купив две континенталки зимски со такозвано име винтерконтакт тс860, тоа беше премиум од гума за на влажен и сув коловоз но ги продадов заедно со колата. Ќе видиме сега со овие другите крапонки мада шарата на ханкукот е 7,7 мм додека на посочениот погоре модел на континетал шарата беше 8,5 мм
Јас сум имал позитивно искуство со eKupi, имав нарачано Sava Intensa UHP2 од кај нив само пред да нарачам ме интересираше која е година на производство, се јавив, културно љубезно ми кажаа и гумите си стигнаа баш како што се договоривме. Претпоставувам може да си дозволат вакви попусти бидејќи не држат физичка продавница, па дел од некои трошкови што ги имаат рецимо Олимпико овие ги немаат.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8929 на: 28 Октомври 2022, 10:31:08 am »
Имам прашање до некој кој има искуство со "no name" зимски гуми (ама да ги купил нови) и со средна/премиум класа на гуми на истата кола.

Дали навистина имате осетено огромна разлика во реални услови (ладно, суво, дожд, снег) како што има во цената (скоро дупло и повеќе) или едноставно се водите по ривјуа каде екстремно се тестираат гумите и според тоа си оформувате лично мислење а воедно си ја оправдувате високата цена на премиум гумите?

Јас немам огромно искуство со зимски оти едноставно до пред 4-5 години многу малку ја возев колата во зима и ја претерував зимата со летни.

Со зимски поголемо искуство имам со Windforce кинеска гума во 14ка димензија за која немам никаква замерка. Значи ја имам возено во секакви услови (многу често на Плетвар каде има дожд, снег, мраз, емулзија, бразди... ), со поголеми брзини  и во ниеден момент не сум почуствувал да ми се однесува колата неочекувано.

Друго искуство (1 сезона) имам со Sava Eskimo HP2 во димензија 205-55-16 на БМВ (задна влеча). И нив ги имам возено во секакви услови на Плетвар (неразгазен и разгазен снег, тргнување од место на стрмен дел на разгазен снег поради извртен камион, на ладен асфалт, на дожд...) и сум прилично задоволен од гумите. Единствена замерка имам што на поголеми брзини (над 140) во кривини како да запливува колата (ама тоа зависи и од димензијата, а и секако не е паметно да се вози така).

Според моево скромно искуство не мора секогаш да се купат најскапите гуми, но кога би имал пари секако дека сакам да пробам премиум гума па да оформам ново мислење. Да не ме сфатите погрешно, не велам да се купуваат најевтините гуми, но подобро нови отколку стари пластични гуми да се возат во зима.

Мислам дека проблемот во ова размислување треба да се гледа во дефиницијата за „No name“. Имено во видеово погоре може да забележиме дека Петлас е на пример No Name гума, но тоа не се Sava, Семперит, Клебер, Вредштајн... Кои излегуваат РЕД ВЕЛИЧИНИ подобри од No name. Конкретно може да немаш разлика, или пак дури и да се покажат подобри во некои ситуации како што ете излегле Ханкукот.

Втор проблем е фокусирањето на тоа што веднаш споредуваш снег и плетвар, каде исто така ете Петлас се покажува во ред. Но проблемот е што на мокро се ужасни.

Јас лично сум имал Петлас на една кола. Дојде со нив. Ги повозев малку, не ми се допадна воопшто однесувањето на мокро, кочењето на пешачки на мокро и слично. За 2 месеци ги заменив со TS870, разиката е небо и земја во кочење. На снег не се сомневам дека ќе се снајдат океј, а и на суво верувам ќе се океј. Сепак мокро е онаму каде јас сум приметил СЕРИОЗНИ разлики во кочењето.

Нареден случај сум имал Firestone. Со нив дојде една кола фабрички. Тоа беше страшно и потресително. Овој бренд за мене е во No Name. АБСот на суво се корнеше од работа, по 2-3 секунди гррр-гррр-гррр на илинденска. Да не зборувам за лизгави улици како Никола Тесла. И тоа ова е на суво. Ова беа летни гуми. И дојде зимата и ставив TS800 со кои дојде колата како втор сет. Колата се укопуваше во место. Во место значи, абсот звучеше вака: гк-гк-гк со по едно сецкање ги решаваше проблемите. Разлика небо и земја. Пролетта кога дојде да се менуваат гуми, ставив нови Бриџстоун. Се покажаа добро, ги возев неколку години како летни. Колата си беше сосема во ред. Тогаш не ни знаев што и како да се гледа кај една гума.

По некоја година (сепак мање више нови, зошто јас поминувам 3-5к во годината километри) ги заменив со Hankook Kinergy Eco. Тоа беше нешто невидено. Колата доби чисти 2 класи. Чисти. Бидејќи го возев истиот пат (Скопје-Белград) со едните Бриџстоун и Кинерџито после разликата беше неопислива. Значи со Бриџстоунот Туранца некои беа, колата беше моооогу бучна, завлекуваше на вирови и езера при 130кмч и слично на автопат. Со Кинерџито на истиот пат, колата на одење натаму беше сосема друга. Мртва тишина. Мртва. Значи тишина. Ти-ши-на, невидена тишина внатре. Спиеше колата до Белград. Назад имаше невиден дожд, со огромни езера на патот. Не мрдна колата. Значи воланот без да го држиш не вртеше лево-десно кога влегуваше во езерата со тркалата. Едноставно беспрекорно се движеше колата. Од тогаш Ханкук јас го ставив цврсто во Премиум категоријата за мене. А после почнаа и по тестови да го зборуваат истото. Да, гумата не е за под 10 степени температура и тоа е тоа. Ама си ставаш зимски тогаш и готово.

Потоа на една кола ги ставив Michelin Primacy 4, бидејќи секаде беа најдобри што е возможно за тишина и за удобност, секако пропратено со сите други карактеристики. А мишелин има и технологија за кога се аби гумата каналите да се шират и да не губи на перформанси на мокро, што ете исто сакав да пробам.

И така. :) Од моја гледна точка јас сум бил толку многу импресиониран до сега во животов од TS800 и Kinergy Eco да ми го смениле погледот кон гуми општо и нивното значење и колкава разлика може да направат. И ако купувам за себе и гуми кои ќе ги возам 5-6 години наредни колку што им е рокот на употреба гледам да се што е можно поблиску до она што јас го сакам и барам. Брендот не е толку пресуден, колку што се перформансите на гумата. Како што гледаме Бриџстоун знаат да имаат неверојатни модели кои се врвни, но и невидено ѓубре. Исто и Континентал. Многупати е кажано дека брендот не кажува се, туку конкретниот модел и перформанси на самата гума за која се зборува.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1779
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8930 на: 28 Октомври 2022, 11:03:13 am »
Плетвар го нагласувам бидејќи секакви услови може да се начекаат во ист ден. Одиш накај Скопје, сончево и суво, се враќаш назад, температура околу 0 и врни дожд. Не го нагласувам дека само на снег се вози таму, тоа е реално 2-3 пати во сезона најчесто кога чистачот не стасал да помини на некои делови.

Од Петлас летни и јас не сум воопшто задоволен, се активираше АБС толку често да си помислиш дека не е во ред нешто со колата.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8931 на: 28 Октомври 2022, 18:13:16 pm »
Јас ќе ти кажам дека се преувеличуваат работите.

Имам возено свашта од гуми, еден куп половни (само од премиумите купував :)), па нешто нови од премиумите и нови од непремиумите.

Генерален заклучок, (за гумите што сум ги возел) секоја нова нова гума е подобра од премиум половна. Под половна подразбирам гума со 40000/50000 км поминато.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7369
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8932 на: 28 Октомври 2022, 19:28:48 pm »
Гума со 50.000км поминати не е за на кола, за во ѓубре е. ;D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8933 на: 28 Октомври 2022, 19:38:43 pm »
Под половна подразбирам гума со 40000/50000 км поминато.

Половна гума е од 15.000 до 40.000км. 50.000км е мртва гума, не половна.

Тоа што го вели Дени за Ханкук е идентично со моето искуство, Kynergy Eco е најдобра midrange гума без конкуренција, и мојата кола беше сосем тивка а на мокро и суво како закована за асфалтот. Од зимски моментално примарна што ја возам е Tigar Winter SUV и гумите се феноменални, а ако се земе и цената во пердвид стануваат фантастични. Плетвар е ***кин дим во споредба со условите во кои јас ги експлоатирам и издржаа секаков real world тест. Сега ќе ги монтирам трета сезона, па ќе видиме колку време ќе бидат добри, очекувам барем 4 сезони и некои 30% изедени да се со добри перформанси, после тоа следуваат или BFGoodrich G-Force Winter 2 ili Hankook I-Cept RS3.

Не гледам никаква поента да фрлам 50% повеќе пари за Премиум марки кои ќе покажат послаби перформанси, можеби.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8934 на: 28 Октомври 2022, 20:59:45 pm »

И ти и Спенсер најдете ми половни гуми на продажба со 10.000 до 25.000км. Кој луд би продавал такви гуми.

 Тишлауферу, ти ги знам муабетите колку за муабет,  40.000 се истотака за ѓубре, односно неисплатливо да фрлиш пари за нив, за монтажа, за балансирање за да ги извозиш до 50.000км, така?
Погледнете ги огласите какви гуми се на продажба, а луѓе купуваат ли купуваат, водени од муабет дека половна премиум е подобра од буџет нова. И јас така мислев пред многу години јбг

Што се однесува до толку фалениот Ханкук, најбучна гума што сум возел, впрочем, таа констатација ја изнесов уште во првите мои постови.
« Последно менување: 28 Октомври 2022, 21:06:39 pm Mikius »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8935 на: 28 Октомври 2022, 21:08:02 pm »

Под половна подразбирам гума со 40000/50000 км поминато.

Половна гума е од 15.000 до 40.000км. 50.000км е мртва гума, не половна.

Тоа што го вели Дени за Ханкук е идентично со моето искуство, Kynergy Eco е најдобра midrange гума без конкуренција, и мојата кола беше сосем тивка а на мокро и суво како закована за асфалтот. Од зимски моментално примарна што ја возам е Tigar Winter SUV и гумите се феноменални, а ако се земе и цената во пердвид стануваат фантастични. Плетвар е ***кин дим во споредба со условите во кои јас ги експлоатирам и издржаа секаков real world тест. Сега ќе ги монтирам трета сезона, па ќе видиме колку време ќе бидат добри, очекувам барем 4 сезони и некои 30% изедени да се со добри перформанси, после тоа следуваат или BFGoodrich G-Force Winter 2 ili Hankook I-Cept RS3.

Не гледам никаква поента да фрлам 50% повеќе пари за Премиум марки кои ќе покажат послаби перформанси, можеби.
Невидено е колку беше тивка Кинерџи Еко од Ханкук, особено во споредба со Вентус Прајм кои беа доста бучни. Што е уште еден показател дека брендот не е битен, туку конкретниот модел. И знам дека сакаше Вентус, ама јас не би рекол да ги земаш ако немаш барем некаде на проба или барем искуства. Мене воопшто не ми се бендисаа, неспоредливо со кинерџи еко 1. А мислам дека во твоите димензии има кинерџи еко ама двојка. И исто ако можеш да најдеш искуство од БФгудрич Адвансд 2 исто се фалени дека се многу тивки, слично на Ханкук Кинерџи Еко. Ако не ти се дава пари за Примаси 4, иако зависи од димензии јас ги најдов за поефтина цена во Пнеуматик тогаш, на летање, вака така, ајт.

Присутен Redneck

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 134
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8936 на: 28 Октомври 2022, 21:12:30 pm »
Ќе прочита некој ќе си мисли оти вистина е горе наведеното.

Да разјасниме потрошеност на пневматиците не се "мери" во километри, пред се најбитно е наменета и условите градска агресивна тргни застани со нагли забрзувања, застанувања и по некој "burn-out" на семафор и кружен за да покажеш како "мети" задна вуча во 2 тона седан, ќе ги "умртви" гумите за една сезона 10,000 - 20,000 илјади километри. На пазарот се нудат многу видови на пневматици  како Touring и Performance, доколку се вози премиум touring пневматик од рангот на Michelin во умерена вожња претежно на отворен пат без нагли забрзувања и застанувања гумата може без никакви проблеми безбедно да пројде повеќе од 100,000 илјади километри.

Sent from my moto g(60) using Tapatalk

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8937 на: 28 Октомври 2022, 21:14:14 pm »

Којзнае какви ѓубриња сте возеле чим Ханкук кинерџи ви била тивка.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8938 на: 28 Октомври 2022, 21:30:59 pm »
Ќе прочита некој ќе си мисли оти вистина е горе наведеното.

Да разјасниме потрошеност на пневматиците не се "мери" во километри, пред се најбитно е наменета и условите градска агресивна тргни застани со нагли забрзувања, застанувања и по некој "burn-out" на семафор и кружен за да покажеш како "мети" задна вуча во 2 тона седан, ќе ги "умртви" гумите за една сезона 10,000 - 20,000 илјади километри. На пазарот се нудат многу видови на пневматици  како Touring и Performance, доколку се вози премиум touring пневматик од рангот на Michelin во умерена вожња претежно на отворен пат без нагли забрзувања и застанувања гумата може без никакви проблеми безбедно да пројде повеќе од 100,000 илјади километри.

Sent from my moto g(60) using Tapatalk
Еве уште еден стручњак, народ купува половни со 50.000 и нормално дека ќе ги вози уште толку, не ќе купува секоја година на прв знак на зачестена активација на абс.

ПС, последниве муабети се повеќе за у тема општо за гуми :)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14231
  • Пудингот на шоферството
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8939 на: 28 Октомври 2022, 22:54:46 pm »
Кај мене колата нема да издржи 100Ккм не па гумите. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D