Тишлауферу, ти ги знам муабетите колку за муабет, 40.000 се истотака за ѓубре, односно неисплатливо да фрлиш пари за нив, за монтажа, за балансирање за да ги извозиш до 50.000км, така?
Погледнете ги огласите какви гуми се на продажба, а луѓе купуваат ли купуваат, водени од муабет дека половна премиум е подобра од буџет нова. И јас така мислев пред многу години јбг
Што се однесува до толку фалениот Ханкук, најбучна гума што сум возел, впрочем, таа констатација ја изнесов уште во првите мои постови.
Не изводи сеа и ти колку да се изводело.
Бројките што ги дадов се релативни. Има многу разлика од гума една година стара со поминати 40.000км претежно на отворено и на гума 8 години стара со 10.000км претежно во град. Затоа е дадена бројка од-до затоа што не ја знаеме историјата на гумите кои некој го продава, затоа одиш на лице место да видиш и испиташ. Никој не ти гарантира дека од прва ќе купиш добри гуми. Некогаш ќе одиш три пати од Ѓорче до Пинтија и на крај ќе ти испадне поскапо си ги земал половните гуми одошто веднаш да купеше нови. Еве јас на Баланар му продадов гуми стари година дена со 800км поминати за 60% од цената, причината беше погрешна димензија имав земено.
Меѓутоа секој со својот памет и среќа, како ќе ти се падне и погоди.
И дај те молам со тврдењава „фалениот ханкук, најбучна гума што сум ја возел“. Глупости се ова, извини вака што ќе кажам. Ти не си возел Ханкук. Ти си возел ханкук тој и тој во таква и таква состојба на тоа и тоа возило. Јас и Дени не викаме Ханкук дека е најдобра гума туку спомнавме точни модели, и зад тие тврдења стоиме јасно и гласно. А ти што си возел, подобро пиши, па да правиме муабет со конкретни работи наместо со магла.
Невидено е колку беше тивка Кинерџи Еко од Ханкук, особено во споредба со Вентус Прајм кои беа доста бучни. Што е уште еден показател дека брендот не е битен, туку конкретниот модел. И знам дека сакаше Вентус, ама јас не би рекол да ги земаш ако немаш барем некаде на проба или барем искуства. Мене воопшто не ми се бендисаа, неспоредливо со кинерџи еко 1. А мислам дека во твоите димензии има кинерџи еко ама двојка. И исто ако можеш да најдеш искуство од БФгудрич Адвансд 2 исто се фалени дека се многу тивки, слично на Ханкук Кинерџи Еко. Ако не ти се дава пари за Примаси 4, иако зависи од димензии јас ги најдов за поефтина цена во Пнеуматик тогаш, на летање, вака така, ајт.
Јас имав Кинерџи Еко 2, за мојата димензија тогаш беа тие актуелни и навистина, гумите беа шина и крајно тивки, дури и нереално тивки бидејќи ја осетив разликата, пред нив имав стари Continental EcoContact3 ако не се лажам, тие Прчот што ги ставил на времето ама не беа убаво изедени и беа бучни.
Кинерџи Еко 2 во 205-60-16 и 215-55-16 веќе нема, наводно Stop&Go можат да ми ги донесат ама ќе коштаат ѓавол и пол. Наместо нив, знам дека има Ventus Prime 3 и тие се Touring гуми, не знам дали се бучни, ама од перклани има нов модел Ventus Prime 4 кои се некоја мешавина односно Touring гуми ама со многу низок rolling resistance, ride comfort i road noise. башка на суво и мокро имаат резултати во ТОП 5 на TyreReviews ако не се лажам или пак друг тест. Тие оваа година ги немале во 205-60-16 ама рекоа дека наредната година ќе ги имаат, па ги преферирам тие пред 215-55-16 и планирам такви да земам. BFGoodrich Advance 2 исто ги меркам аи Kleber Kirsalp 3- бла бла како и да беше моделот исто така. Ама ќе видиме од моментална понуда што ќе се нуди во моментот и какво ќе биде расположението, ништо чудно и Primacy да биде или некој Спортконтакт, ќе видиме, то пролет 300 работи може да се сменат, па да терба да купуваме гајгерови бројачи наместо гуми.
Да разјасниме потрошеност на пневматиците не се "мери" во километри, пред се најбитно е наменета и условите градска агресивна тргни застани со нагли забрзувања, застанувања и по некој "burn-out" на семафор и кружен за да покажеш како "мети" задна вуча во 2 тона седан, ќе ги "умртви" гумите за една сезона 10,000 - 20,000 илјади километри. На пазарот се нудат многу видови на пневматици како Touring и Performance, доколку се вози премиум touring пневматик од рангот на Michelin во умерена вожња претежно на отворен пат без нагли забрзувања и застанувања гумата може без никакви проблеми безбедно да пројде повеќе од 100,000 илјади километри.
Да, тоа го пишав погоре ама не до толку претерано, 100.000км минимално да не е центрирана предниацта на 100.000км гимите ќе бидат прашина веќе. Половна гума ако не е апсолутно неоштетена и помината не повеќе од 5000км ни на сон не помислувам да ја купам. Тоа народ што се чуди како да закрпи месец до месец за среќа сега за сега не е мој проблем, све бива, на сите им посакувам нови гуми и безбедно возење, но секој со својот к'смет.