Имам прашање до некој кој има искуство со "no name" зимски гуми (ама да ги купил нови) и со средна/премиум класа на гуми на истата кола.
Дали навистина имате осетено огромна разлика во реални услови (ладно, суво, дожд, снег) како што има во цената (скоро дупло и повеќе) или едноставно се водите по ривјуа каде екстремно се тестираат гумите и според тоа си оформувате лично мислење а воедно си ја оправдувате високата цена на премиум гумите?
Јас немам огромно искуство со зимски оти едноставно до пред 4-5 години многу малку ја возев колата во зима и ја претерував зимата со летни.
Со зимски поголемо искуство имам со Windforce кинеска гума во 14ка димензија за која немам никаква замерка. Значи ја имам возено во секакви услови (многу често на Плетвар каде има дожд, снег, мраз, емулзија, бразди... ), со поголеми брзини и во ниеден момент не сум почуствувал да ми се однесува колата неочекувано.
Друго искуство (1 сезона) имам со Sava Eskimo HP2 во димензија 205-55-16 на БМВ (задна влеча). И нив ги имам возено во секакви услови на Плетвар (неразгазен и разгазен снег, тргнување од место на стрмен дел на разгазен снег поради извртен камион, на ладен асфалт, на дожд...) и сум прилично задоволен од гумите. Единствена замерка имам што на поголеми брзини (над 140) во кривини како да запливува колата (ама тоа зависи и од димензијата, а и секако не е паметно да се вози така).
Според моево скромно искуство не мора секогаш да се купат најскапите гуми, но кога би имал пари секако дека сакам да пробам премиум гума па да оформам ново мислење. Да не ме сфатите погрешно, не велам да се купуваат најевтините гуми, но подобро нови отколку стари пластични гуми да се возат во зима.
Мислам дека проблемот во ова размислување треба да се гледа во дефиницијата за „No name“. Имено во видеово погоре може да забележиме дека Петлас е на пример No Name гума, но тоа не се Sava, Семперит, Клебер, Вредштајн... Кои излегуваат РЕД ВЕЛИЧИНИ подобри од No name. Конкретно може да немаш разлика, или пак дури и да се покажат подобри во некои ситуации како што ете излегле Ханкукот.
Втор проблем е фокусирањето на тоа што веднаш споредуваш снег и плетвар, каде исто така ете Петлас се покажува во ред. Но проблемот е што на мокро се ужасни.
Јас лично сум имал Петлас на една кола. Дојде со нив. Ги повозев малку, не ми се допадна воопшто однесувањето на мокро, кочењето на пешачки на мокро и слично. За 2 месеци ги заменив со TS870, разиката е небо и земја во кочење. На снег не се сомневам дека ќе се снајдат океј, а и на суво верувам ќе се океј. Сепак мокро е онаму каде јас сум приметил СЕРИОЗНИ разлики во кочењето.
Нареден случај сум имал Firestone. Со нив дојде една кола фабрички. Тоа беше страшно и потресително. Овој бренд за мене е во No Name. АБСот на суво се корнеше од работа, по 2-3 секунди гррр-гррр-гррр на илинденска. Да не зборувам за лизгави улици како Никола Тесла. И тоа ова е на суво. Ова беа летни гуми. И дојде зимата и ставив TS800 со кои дојде колата како втор сет. Колата се укопуваше во место. Во место значи, абсот звучеше вака: гк-гк-гк со по едно сецкање ги решаваше проблемите. Разлика небо и земја. Пролетта кога дојде да се менуваат гуми, ставив нови Бриџстоун. Се покажаа добро, ги возев неколку години како летни. Колата си беше сосема во ред. Тогаш не ни знаев што и како да се гледа кај една гума.
По некоја година (сепак мање више нови, зошто јас поминувам 3-5к во годината километри) ги заменив со Hankook Kinergy Eco. Тоа беше нешто невидено. Колата доби чисти 2 класи. Чисти. Бидејќи го возев истиот пат (Скопје-Белград) со едните Бриџстоун и Кинерџито после разликата беше неопислива. Значи со Бриџстоунот Туранца некои беа, колата беше моооогу бучна, завлекуваше на вирови и езера при 130кмч и слично на автопат. Со Кинерџито на истиот пат, колата на одење натаму беше сосема друга. Мртва тишина. Мртва. Значи тишина. Ти-ши-на, невидена тишина внатре. Спиеше колата до Белград. Назад имаше невиден дожд, со огромни езера на патот. Не мрдна колата. Значи воланот без да го држиш не вртеше лево-десно кога влегуваше во езерата со тркалата. Едноставно беспрекорно се движеше колата. Од тогаш Ханкук јас го ставив цврсто во Премиум категоријата за мене. А после почнаа и по тестови да го зборуваат истото. Да, гумата не е за под 10 степени температура и тоа е тоа. Ама си ставаш зимски тогаш и готово.
Потоа на една кола ги ставив Michelin Primacy 4, бидејќи секаде беа најдобри што е возможно за тишина и за удобност, секако пропратено со сите други карактеристики. А мишелин има и технологија за кога се аби гумата каналите да се шират и да не губи на перформанси на мокро, што ете исто сакав да пробам.
И така.
Од моја гледна точка јас сум бил толку многу импресиониран до сега во животов од TS800 и Kinergy Eco да ми го смениле погледот кон гуми општо и нивното значење и колкава разлика може да направат. И ако купувам за себе и гуми кои ќе ги возам 5-6 години наредни колку што им е рокот на употреба гледам да се што е можно поблиску до она што јас го сакам и барам. Брендот не е толку пресуден, колку што се перформансите на гумата. Како што гледаме Бриџстоун знаат да имаат неверојатни модели кои се врвни, но и невидено ѓубре. Исто и Континентал. Многупати е кажано дека брендот не кажува се, туку конкретниот модел и перформанси на самата гума за која се зборува.