Автор Тема: Зимски гуми  (Прочитано 1298000 пати)

Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 787
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8835 на: 04 Октомври 2022, 23:15:12 pm »
Овде имаат добра поделба класи по брендови

Premium Tyres
Mid Range Tyres
Economy Tyres
Budget Tyres

https://www.tyrereviews.com/Tyre/
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8580
  • Малерозен дрводарец
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8836 на: 04 Октомври 2022, 23:41:29 pm »
Овде имаат добра поделба класи по брендови

Premium Tyres
Mid Range Tyres
Economy Tyres
Budget Tyres

https://www.tyrereviews.com/Tyre/

Од уста ми го извади...

Мора да има 4 категории наместо трите: Скапи, Средни, Ефтини.

Само едно нешто ме боде во очи...
Може е заради локацијата, може е заради димензиите на самиот пневматик, а може и двете:
Некои брендови повеќе ми вртат кон Mid-Range наместо Premium и обратно.

Еве груб пример:
Hankook и Firestone ми се скоро исти во цените, а ставени во различен ранг таму...
Некои модели на Goodyear исто повеќе тежнеат кон цените на Hankook и Firestone, отколку кон Michelin, за сигурно

Генерално, барем за димензиите што ги користам, Michelin е во плафон без разлика на модел.
После доаѓаат Bridgestone и Continental, па после има така добра разлика во цени на другите брендови...
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 787
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8837 на: 05 Октомври 2022, 00:07:56 am »
Абе од иста димензија има различен тип од Мишелин на пример. И сега спрема перформансите става и цена. Пример од истата димензија има зимска од 100еур и од 150-200еур. Најефтината Мишелин можеби има иста цена со Фулда најскапата од таа димензија итн итн. :D

Ова така најдов, има во сите брендови разлика од иста димензија, зависи колку има избор во мк:
https://egumi.mk/p/205-55r16-pirelli-winter-190-210s3-91t-h/ - 5,397ден.
https://egumi.mk/p/205-55r16-pirelli-cinturato-winter-2-91t-winter-car-romania-x/ - 7,250ден.
https://egumi.mk/p/205-55r16xl-pirelli-w-sottozero-s-ii-94v-winter-car-romania-x/ - 11,440ден.
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8580
  • Малерозен дрводарец
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8838 на: 05 Октомври 2022, 00:32:59 am »
Да, точно за тоа и зборував... целта ми беше дека моделите со слични пропишани перформанси "по книга" многу се разликуваат, инаку секако нема споредба меѓу најефтината и најскапата од одреден бренд, особено тие што измислуваат по 10 различни модели :))

Туку... овие Pirelli многу широк дијазепам на цени, бе, нѝ го ебаа цел муабет :D
Сега ништо не држи вода :D
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 787
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8839 на: 05 Октомври 2022, 00:43:47 am »
Имаат гуми за секој џеб  ;D
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6366
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8840 на: 05 Октомври 2022, 07:05:51 am »
12,000ден за 16ка стандардна гума, како демек некој ќе земи од нив. Улај се овие.   :-X

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8841 на: 05 Октомври 2022, 07:25:41 am »
Овде имаат добра поделба класи по брендови

Premium Tyres
Mid Range Tyres
Economy Tyres
Budget Tyres

https://www.tyrereviews.com/Tyre/

Од уста ми го извади...

Мора да има 4 категории наместо трите: Скапи, Средни, Ефтини.

Само едно нешто ме боде во очи...
Може е заради локацијата, може е заради димензиите на самиот пневматик, а може и двете:
Некои брендови повеќе ми вртат кон Mid-Range наместо Premium и обратно.

Еве груб пример:
Hankook и Firestone ми се скоро исти во цените, а ставени во различен ранг таму...
Некои модели на Goodyear исто повеќе тежнеат кон цените на Hankook и Firestone, отколку кон Michelin, за сигурно

Генерално, барем за димензиите што ги користам, Michelin е во плафон без разлика на модел.
После доаѓаат Bridgestone и Continental, па после има така добра разлика во цени на другите брендови...
Ти по цените ги делиш групите, не по перформанси? Фаерстоун нема врска со Ханкук. Баш сум ги возел двете од нови на иста кола.

Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 787
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8842 на: 05 Октомври 2022, 11:37:09 am »
Епа 94v се, што значи може да крепат до 670 кг. и брзина до 240 км/ч. Затоа е и таа цената :)

https://www.quora.com/What-does-94V-mean-on-tire-ratings
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8580
  • Малерозен дрводарец
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8843 на: 05 Октомври 2022, 12:18:54 pm »
Епа 94v се, што значи може да крепат до 670 кг. и брзина до 240 км/ч. Затоа е и таа цената :)

https://www.quora.com/What-does-94V-mean-on-tire-ratings

Тоа не загледав... сепак има вода во муабетов, значи :)))

@Deni Еве добро појасни колегава. :)
А инаку, да - по цени ги делам, како и сите корисници, претпоставувам. :)

Во мојот случај, за спомнатите брендови, разлика во пари беше едвај 500 денари од парче.
Двата модели беа со сличен брзински индекс.
Hankook не купив затоа што требаше да чекам 3-4 недели, а ми звучеа подобро според наученото од интернет.

Ако не се водиме по цените, туку по листата од Tyre Reviews, тогаш заклучокот би бил дека има premium гуми што се поисплатливи од некои mid-range модели.
Тоа е тоа што ми ја мати водата цело време.
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4191
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8844 на: 05 Октомври 2022, 12:28:39 pm »
Слично како муабетот со притисокот, тука премиум гумата ќе го намали ризикот од несреќа од не премиум рецимо при исти услови. Секој според можностите, но така треба да се однесува и спрема можностите на гумите за да се избегнат  несреќи. Сум возел тигар летни и мишелин зимски на истата кола, и со двете немав никакви проблеми, но се возеше секогаш дефанзивно и не пребрзо, ама никогаш не би ги изедначил дека се исти. Радо би возел секогаш премиум бренд, ако се може.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8845 на: 05 Октомври 2022, 12:53:55 pm »
Ако не се водиме по цените, туку по листата од Tyre Reviews, тогаш заклучокот би бил дека има premium гуми што се поисплатливи од некои mid-range модели.
Тоа е тоа што ми ја мати водата цело време.
Апсолутно има. Прашање е колку чинат. Пример за тоа се ужасните Continental Eco Contact и Bridgestone Turanza T005. Џабе е името што кога ќе се споредат со Goodyear EfficientGrip Performance 2 или пак Michelin Primacy 4 ќе се увиди дека се класи разлика. А цената не е многу различна. Дури и со своите конкуренти како Continental Premium Contact ако се споредат нема воопшто простор за дискусија. Едноставно има „утки“ според нас корисниците во разни брендови. Имено овие катастрофи ги прават за производители да ги купуваат за да извадат 0.06% помала потрошувачка на тестови за кога ќе прават просечни потрошњи и просечен рејнџ за електрични возила. И тоа е тоа. Поентата е што Еко гумите како овие катастрофи до „вчера“ не беа толку лоши, си беа сосем океј, ама со последнава генерација на овие две ужасии се отиде во недоглед со симнување на перформанси и правање гума само за на хартија.

Инаку јас си закажав утре за промена во зимските, заладија утрава. Таман TS870 ките да видиме како стојат.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6366
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8846 на: 05 Октомври 2022, 13:51:37 pm »
Епа 94v се, што значи може да крепат до 670 кг. и брзина до 240 км/ч. Затоа е и таа цената :)

https://www.quora.com/What-does-94V-mean-on-tire-ratings

Знам, видов и индексот и носивоста и ко ќе направиш есап дека оваа димензија ја носат возила од B и C сегмент, ќе видиш дека џабе имаш носивост од преку 1 тон, а колата не.
Е сега ќе бидиш најјак на маса со 800€ гуми, тоа не е спорно.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8847 на: 05 Октомври 2022, 14:25:56 pm »
Некој од управата упорно ми брише постови, ако е муж нека се јави кој е :)

Повторно ќе кажам
Намалување ризици за потенцијална сообраќајна несреќа со мерење секојдневно притисок е малоумни работа.
Таков пост треба да биде избришан, а не пост кој укажал на параноични состојба на нечиј  ум.

Во сличен (не ист) контекст е и изборот на премиум гума, односно секој поинаков избор е за осуда бидејки лицето кое се одлучило на таков чекор е во најмала рака неодговорно.

@ficomk дали е доволно конкретно?



Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 787
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8848 на: 05 Октомври 2022, 14:34:27 pm »
Епа 94v се, што значи може да крепат до 670 кг. и брзина до 240 км/ч. Затоа е и таа цената :)

https://www.quora.com/What-does-94V-mean-on-tire-ratings

Знам, видов и индексот и носивоста и ко ќе направиш есап дека оваа димензија ја носат возила од B и C сегмент, ќе видиш дека џабе имаш носивост од преку 1 тон, а колата не.
Е сега ќе бидиш најјак на маса со 800€ гуми, тоа не е спорно.

Знаеш за кој е оваа гума? Има моќни каравани со преку 160kw мотор, и ги товара добро т.е го користи и за работа. И се случува да вози товарен со 100км/ч, а да вози празен со 200км/ч (Германија на пример е чест случај, а и МК можеби :D) ;D
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8580
  • Малерозен дрводарец
Одг: Зимски гуми
« Одговори #8849 на: 05 Октомври 2022, 14:46:59 pm »
Кај мене кога ќе влезам, веќе е товарено.
Затоа само V и Y купувам. :)
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.