Автор Тема: Зимски гуми  (Прочитано 1298135 пати)

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #510 на: 09 Ноември 2011, 17:56:29 pm »
Falanga е мечка гуру за гуми, еве и слика во медитација  :)



инаку јас ќе одам од ова



на ова



останувам на летни гуми од причина што во Охрид лани за малку ќе заврнеше снег, а годинава изгледа поретко и плус за зимски услови тука ми е кангуто, па најверојатно кај него ќе правам некоја комбинација за зимска гума


Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8870
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #511 на: 09 Ноември 2011, 19:00:45 pm »
рационално ;)

Отсутен Scorpion

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 470
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #512 на: 09 Ноември 2011, 22:33:51 pm »
Zdravo momci

najprvin da ve pozdravam bidejki sum nov i ova e prv moj post :)

vo vrska so zimskite gumi, aktivno baram i sobiram ponudi za set zimski gumi so dimenzija 175 65 R15 i od se sto mozev da vidam najdobra ponuda dobiv za Hankook W442 icept RS.
http://www.hankooktire-eu.com/about/news/single-news-view/article/hankook-winter-icept-rs-a-safety-expert-for-the-cold-season.html?tx_ttnews%5BbackPid%5D=132&cHash=bf1ba32f0fd5ba3cd127681d14a194fd

ponudata sto ja dobiv e 3600mkd po guma. ve molam za vase mislenje.

pozdrav.
Fiat Grande Punto & Fiat Stilo

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8870
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #513 на: 09 Ноември 2011, 23:21:02 pm »
друже ако имаш пари стави си ги и не мисли многу, дури одиш и бараш каде што и како ке потрошиш време и пари и пак ке земеш нешто со слична цена, така да тоа е тоа

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #514 на: 10 Ноември 2011, 19:53:49 pm »
Zdravo momci

najprvin da ve pozdravam bidejki sum nov i ova e prv moj post :)

vo vrska so zimskite gumi, aktivno baram i sobiram ponudi za set zimski gumi so dimenzija 175 65 R15 i od se sto mozev da vidam najdobra ponuda dobiv za Hankook W442 icept RS.
http://www.hankooktire-eu.com/about/news/single-news-view/article/hankook-winter-icept-rs-a-safety-expert-for-the-cold-season.html?tx_ttnews%5BbackPid%5D=132&cHash=bf1ba32f0fd5ba3cd127681d14a194fd

ponudata sto ja dobiv e 3600mkd po guma. ve molam za vase mislenje.

pozdrav.
Здраво мајсторе,

Ханкук не е марка за заебанции. Вака судено од изгледот на шарата ми изгледаат одлични за длабок снег и мраз, но некако послабо за влажно.
Не се сомневам дека Ханкук знаат да направат добра формула за гумата за зимски услови. А и цената што си ја добил не е лоша. Моделот е нов, значи Ханкук направиле нешто да ја зголемат конкурентноста на својот производ. Тоа во одсутство на повеќе информации од моја страна значи добивка за корисникот. Мислам дека нема да згрешиш.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #515 на: 10 Ноември 2011, 20:27:43 pm »
OЕAMTC - Аустрискиот пандан на АДАЦ тестираше две популарни димензии на зимски гуми 175/65/14 и 195/65/15. Еве ги резултатите(PDF):
http://www.oeamtc.at/media.php?id=%2C%2C%2C%2CZmlsZW5hbWU9ZG93bmxvYWQlM0QlMkYyMDExLjEwLjE5JTJGMTMxOTAxNDQwNy5wZGYmcm49b2VhbXRjX3dpbnRlcnJlaWZlbnRlc3RfMjAxMS5wZGY%3D

Линк до сајтот:
http://www.oeamtc.at/?id=2500%2C1371329%2C%2C


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8107
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #516 на: 10 Ноември 2011, 20:46:58 pm »
Zdravo momci

najprvin da ve pozdravam bidejki sum nov i ova e prv moj post :)

vo vrska so zimskite gumi, aktivno baram i sobiram ponudi za set zimski gumi so dimenzija 175 65 R15 i od se sto mozev da vidam najdobra ponuda dobiv za Hankook W442 icept RS.
http://www.hankooktire-eu.com/about/news/single-news-view/article/hankook-winter-icept-rs-a-safety-expert-for-the-cold-season.html?tx_ttnews%5BbackPid%5D=132&cHash=bf1ba32f0fd5ba3cd127681d14a194fd

ponudata sto ja dobiv e 3600mkd po guma. ve molam za vase mislenje.

pozdrav.
На ладата имав возено летни ханкоок и беа одлични, перфектно држење, после тоа купив тигар и ќе ја тумбав на првата кривина кај што стандард со ханкокот влегував со 90км/х.
За зимски не можам да кажам ама летните и споро се трошеа...

_________________________
I added cool smileys to this message... if you don't see them go to: http://e.exps.me

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #517 на: 10 Ноември 2011, 23:51:23 pm »
Zdravo momci

najprvin da ve pozdravam bidejki sum nov i ova e prv moj post :)

vo vrska so zimskite gumi, aktivno baram i sobiram ponudi za set zimski gumi so dimenzija 175 65 R15 i od se sto mozev da vidam najdobra ponuda dobiv za Hankook W442 icept RS.
http://www.hankooktire-eu.com/about/news/single-news-view/article/hankook-winter-icept-rs-a-safety-expert-for-the-cold-season.html?tx_ttnews%5BbackPid%5D=132&cHash=bf1ba32f0fd5ba3cd127681d14a194fd

ponudata sto ja dobiv e 3600mkd po guma. ve molam za vase mislenje.

pozdrav.

Просечни.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #518 на: 11 Ноември 2011, 00:09:27 am »
Јас возам Hankook W310, и екстра задоволен сум од нив, а и цената беше доста добра. Во поглед на шарата не се толку ориентирани кон длабок снег... но навистина се тифки на поголеми брзини на автопат и доста се комфорни.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен IvO

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1676
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #519 на: 11 Ноември 2011, 02:11:16 am »
Од вторник 15 – ти ноември стапува на сила одлуката за задолжително носење на зимска опрема за моторните возила во патниот сообраќај.
 
Според одлуката, возилата на сите четири тркала треба да поседуваат пневматици со ознаки М плус С, МС или со стилизирана снегулка, а длабочината на нивната шарка да не биде помала од четири милиметри. Оние кои не располагаат со такви пневматици ќе треба да носат синџири со соодветна големина, која ќе одговара на големината на тркалата. Возачите на товарните возила, пак, задолжително ќе мора да имаат и лопати, а сите учесници целосно да ги почитуваат сообраќајните знаци, правила и прописи, како и забраните кои повремено ќе се воведуваат на некои од патните правци.

Глобата за неносење на потребната зимска опрема изнесува 15 евра во денарска противвредност.

Возачите навреме да ги подготват моторните возила, односно да обезбедат доволно квалитетен антифриз, да ги проверат акумулаторите кои посебно се на удар при ниски температури и по можност да ја проверат техничка исправност на уредите за управување и сопирање.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #520 на: 11 Ноември 2011, 10:52:32 am »
ДО ден денес не ми е јасно, за во град треба ли ланци (немам зимски гуми) ?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #521 на: 11 Ноември 2011, 10:57:31 am »
ДО ден денес не ми е јасно, за во град треба ли ланци (немам зимски гуми) ?

Јас колку што знам, a и трубеа лани по медиуми, НЕ ТРЕБА:

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (член 404, став1), од утре ќе започне примената на законската обврска за задолжително поседување на пропишаната зимска опрема за моторните возила и работните машини кога учествуваат во сообраќај на пат надвор од населено место, а која ќе биде во сила во периодот од 15 ноември до 15 март идната година.

Во таа насока, истовремено, МВР информира дека со членот 11 од  -“Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски, односно шумски работи“ („Службен весник на РМ“ бр. 31/10), прецизно е наведена зимската опрема по категоризација на возила, што возачите мораат да ја поседуваат во своите возила во наведениот период.

Имено, во правилникот по однос на потребната зимска опрема прецизирано е следното:
Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг. се подразбира:
зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од 4 мм.
пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

2. Како зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 џ 4 ) се подразбира:
- зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од 6 мм.

- пневматици со летен профил на сите тркала, со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм. Ако во возилото во приборот има синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.


http://kurir.mk/makedonija/vesti/7776-Obvrskata-za-zadolzitelno-poseduvanje-zimska-oprema-zapocnuva-od-utre

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #522 на: 11 Ноември 2011, 11:28:42 am »
Се убаво, ама како ќе се објаснуваш со сообраќаец тоа ме мачи, ако неговите „свежи“ информации за опрема во градски услови се од СФРЈ..

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #523 на: 11 Ноември 2011, 11:29:39 am »
Законот си е закон, ако те казни - на суд!
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #524 на: 11 Ноември 2011, 11:38:30 am »
Абе од ланци нема зијан. Или најди стари по гаражи некои окапани, или земи нови за 900 динара. Јас лани земав за едната кола, си спијат. Алуминиум од Хубо, се ставаат лесно (не дека ќе ги ставам)...


Или земи една кофичка пластична, и тури 5 метра ланец било каков во неа и тури пола литро зејтин внатре... Ете ти ланци за 200 динара.