Автор Тема: Зимски гуми  (Прочитано 1298024 пати)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #465 на: 05 Ноември 2011, 22:38:19 pm »
И кај мене ќе се менуваат од Dunlop SP 2050 Sport - пластично гомно

Во овие Tigar WinterA или Winter1 незнам како е точно. Изгледа овде само јас со тигар сум зимски? :(
Мењаш летна пластика за зимска пластика а? ;)

http://www.adac.de/infotestrat/tests/reifen/winterreifen/2008_Winterreifen_Test_175_65_R14.aspx

Со вакви резултати јас не би ги есапел многу-многу.

Ти ми ставаш тест на 14 ки, од 2008ма
:D :D

Не се пластика, ептен меки се, ги стиснав. Ама како и да е, тогаш тоа имаше на лагер и на стариот не му се даваа пари за поскапи. И тоа бидна. Јас повеќе се нервирам што зеде 205/55/16. Пониски се од оргиналните. Ама што ќе му правиш, тоа е. Подобро од колку тие летните пластики.

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #466 на: 05 Ноември 2011, 23:14:11 pm »
Кај нас замената ке оди од

во
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #467 на: 05 Ноември 2011, 23:23:03 pm »
Firestone, a? ;)

Отсутен Lazarus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 534
  • drive it like you stole it!
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #468 на: 05 Ноември 2011, 23:29:53 pm »
Како што пишав и претходно кај мене замената е од овие:
Pirelli P7 - тапа, може би поради фактот што и веќе поминав три зими со нив. На секое малце подинамично тргање пролизгуваат и се пали TC. Имаат шара btw.

Во овие за зима:
Continental Wintercontact T830 P. Сега за сега немам коментар, тек треба да се докажат.


Него од ова што го читам во темава нема лоша зимска гума, сите презадоволни  ;)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #469 на: 05 Ноември 2011, 23:39:18 pm »
Никој на снег не возел се уште. :D :D :D
Јас кога ставив сава ескимо се качував на салам угорници каде што имаше 30-40см снег, не изгазен. Свифтот како раткрак беше. :D :D

Абе Лазе, пирелито од кај ги зема и оти викаш дека не ги бива? Јас баш такви сакам да земам за идните летни.... Гума на годината беше за 2010.
Pirelli P7 cinturato

Отсутен Lazarus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 534
  • drive it like you stole it!
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #470 на: 06 Ноември 2011, 00:13:43 am »
Јас зборувам за оваа гума, http://www.tyrereviews.co.uk/Tyre/Pirelli/P-7.htm
ти ми зборуваш претпоставувам за некоја наредна верзија од истата.
Тие гуми дојдоа фабрички на мојот Seat, и како што реков возени се 22-23.000км и скоро три сезони во зима. Не се катастрофални ама не сум воодушевен.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #471 на: 06 Ноември 2011, 00:40:42 am »
Aaaaaaa
Да да, тие се после таа серија. И викаат дека се многу добри. Епа ок бе.
Па и тебе со тоа сеатчето не ти треба некоја сериозна гума. Колку да не возиш на бандажи.
:D :D :D
поз

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8870
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #472 на: 06 Ноември 2011, 01:13:29 am »
Јас зборувам за оваа гума, http://www.tyrereviews.co.uk/Tyre/Pirelli/P-7.htm
ти ми зборуваш претпоставувам за некоја наредна верзија од истата.
Тие гуми дојдоа фабрички на мојот Seat, и како што реков возени се 22-23.000км и скоро три сезони во зима. Не се катастрофални ама не сум воодушевен.

па нормално летни се не се зимски затоа пролизгува

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #473 на: 06 Ноември 2011, 02:41:20 am »
Осмица предизвик е да се качиш на бајрот по снег.

Лани првиот снег ко падна прва кола од Бела Чешма нагоре шо се качваше.
Стигнав до дома без да застанам.
Тоа е заклучок дека добри се гумиве. :D

На тестови гледам па најдобри оценки имаат земено за на мраз :D 

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #474 на: 06 Ноември 2011, 02:42:52 am »
Aјде дечки гумите малце да ги издишиме  (Дени)

Денес ги направив гумите 2.0 напред и позади... но ке видам како ке ми биде, може ке ги направам 2.1

Поздрав до Дени

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #475 на: 06 Ноември 2011, 02:51:26 am »
Поз, јас не ги дишам, ќе си ставам зимски. Шо ѓи ебам, ќе ги мењам!!!

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #476 на: 06 Ноември 2011, 02:54:13 am »
Направив денеска и јас промена од летен на зимски сет, навечер ептен заладува а кога сум во Ск 90% од времето навечер возам па стана веќе премногу лизгаво со летните. Ги измив бандашите и ги спремив за зимово, гумените патостници ќе почекаат уште малку, суво е сеуште.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17441
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #477 на: 06 Ноември 2011, 02:55:40 am »
Поз, јас не ги дишам, ќе си ставам зимски. Шо ѓи ебам, ќе ги мењам!!!

Кај се најде и ти, 4 саата се смеам ко идиот со видеото... Таман заборавив, постов го прочитав! Damn you, Deni.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #478 на: 06 Ноември 2011, 03:13:43 am »
Дени, и јас зимски возам... но летоска ми беа 2.5 напумпани, а сеа се 2.0 ама ке јадат 2.1 као ништо :)

Отсутен TSI

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 202
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #479 на: 06 Ноември 2011, 08:57:56 am »
Кај мене се Pirelli PZero Rosso 225/50/17 фабрички и не сум баш задоволин. Странично, во кривини држат одлично ама што се однесува до тракција = нула, поготово кога е поладно. Секое тргнување пролизгуваат. Ако имам потреба поенергично да забрзам, нема шанси, одма се пали ESP-то. Стискање гас до даска само од 3-та па натаму. И доста бучни се.
Не би ги препорачал.