Зашто Голф 7 кај нас се продава со Ханкук Вентус Прајм гуми, а во Германија со Континентал?
Зашто Мерцедес А, Б, Ц класа кај нас се продава со Мишелин Пилот Спорт, а во Германија со Пирели?
Каков ОЕМ, какви тестови, какви бакрачи бре.
Си ги делат пазарите според куповна моќ и според продажбен таргет. Таму каде што пазарот е утепан и немаат многу маржа, ќе турат Ханкук, таму каде што ќе продадат многу возила шибаат Мишелин. Просто како грав.
Ако производителот тестира возило кое што ќе има оптимални перформанси само на еден тип на пневматик, тогаш или производителот има глупи инжењери или купувачите се овци кој што ги стрижат.
Ист пневматик различно се однесува на различна подлога, температура, УВ зрачење, оптоварување од товар во возило, складирање на пневматик во продавница (магацин), транспорт од фабрика до возило....
"Теорија на движење на моторни возила" е цела наука, која што директно е врзана со коефициент на триење на пневматик со подлога и едноставна физика. Таму точно се знае кој параметри се потребни како влезни, за да извадиш математика, дали возилото ќе "држи" или ќе "фрла" по кривини. Интересна е книгата, Драги Данев ја има напишано (освен ако нема реиздание со нов автор од 2005 па до денес), кој го интересираат пресметки за однесување на возило по разни површини, подлоги, оптоварувања нека си ја земе и нека си читне убаво лектирче.