Неколку пати имам пишувано.
Возев Nokian NRVi, Имаат H индекс до 210 км/ч, ми ги утепаа од фалење, а они тврди камен, ај преку тоа ќе се помине, АМА со поминати не повеќе од 10 000 км со нив, на брзина од 160 км на час во Турција во една вукојебина од пат, црна темница во 3,30 - 4 сабајле ми пукна гума од ништо, среќа беше задна, инаку историја ќе бев сега, во таа вукојебина застанаа две бугарски коли демек да ми помогнат, среќа не бев сам, бевме со две коли. Кога се раздени видов дека гумата пукнала од страна, тоа не се лепи, а во Скопје ми рекоа дека толку и бил векот, дека нема шанси така да пукне гума, ама мене ми пукна.
Ајде го проголтав тоа дека баш таа гума била фалична, истата таква Нокиан само другата гума исто задна, од ништо во еден дожд и невреме како тоа вчера, исто навечер 12 саат, ми беше дојдено нож до коска за некоја работа, и во цела дешавка мене ми пука гума кај стар кванташки, исто од страна и повторно од ништо.
Можеби сега се поправени и се добра марка на гуми, и незнам што, ама мене живото ми висеше на конец поради таа марка на гуми и имам аверзија кон било кој модел на Нокиан од тогаш.А не ги платив ефтино за 185/65 Р14 платив своевремено 4500 ден. за гума.
Тоа е моето искуство со тие гуми.
Лани инаку возев Нокиан зимски на службената(такви ми ставија па морав) и ништо посебно, Фулдата се подобри и потивки.