Јас возам 15-ки SAVA ESKIMO S3 195/65-15 и гумата е одлична....за снег, на суво ако е топло имам осет како да се возам по желе, а ни на мокро не се сјајни, знае често да се активира ABS-от на некоја смешна брзина ако е врнето.
Со лагана вожња нема никаков проблем ама кој сака поспортско возење со зимски гуми нека побара нешто поквалитетно, DUNLOP на пример или некоја од поскапите... си има оправданост во цената дефинитивно.