Во однос на Нексен, главен проблем кај нас е лошиот импортер. Од 1ви октомври па се до ноември вртев во Турбомакс за понуда да ми дадат за зимски и ми се јавува цело време некоја цуца и цело време истата прикаска. Стигнува нова пратка за една недела сега немаме ништо на лагер. На мое прашање која ќе биде цената, не знае да каже затоа што ќе биле поскапи од лани. Колку поскапи? Не знае. Плус поделиле сетови нексен низ сите локални вулканизери по градовите за да им ги продаваат. Многу несериозно.
Бибај се главни увозници. Ама откако се фатија да го прават новион објект, нит сајт им работи нит гуми носат.
Се јавив минатата недела и го добив истиот одговор, треба наредна недела да стигнат ама не им се верува дека ќе има зимски. Ол сиз’н имаат и требало да има во новата пратка.
Не знам како не им се верува, или правиш порачка или не правиш, ваљда знаеш што си порачал да стигне.
Откако ќе го отворат новиот салон, мислам дека нема веќе Нексен да се продава по цена по која се продаваше до сега.