ДО ден денес не ми е јасно, за во град треба ли ланци (немам зимски гуми) ?
Јас колку што знам, a и трубеа лани по медиуми, НЕ ТРЕБА:
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (член 404, став1), од утре ќе започне примената на законската обврска за задолжително поседување на пропишаната зимска опрема за моторните возила и работните машини кога учествуваат во сообраќај на пат
надвор од населено место, а која ќе биде во сила во периодот од 15 ноември до 15 март идната година.
Во таа насока, истовремено, МВР информира дека со членот 11 од -“Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски, односно шумски работи“ („Службен весник на РМ“ бр. 31/10), прецизно е наведена зимската опрема по категоризација на возила, што возачите мораат да ја поседуваат во своите возила во наведениот период.
Имено, во правилникот по однос на потребната зимска опрема прецизирано е следното:
Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг. се подразбира:
зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од 4 мм.
пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.
2. Како зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 џ 4 ) се подразбира:
- зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од 6 мм.
- пневматици со летен профил на сите тркала, со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм. Ако во возилото во приборот има синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.
http://kurir.mk/makedonija/vesti/7776-Obvrskata-za-zadolzitelno-poseduvanje-zimska-oprema-zapocnuva-od-utre