Автор Тема: Зимски гуми  (Прочитано 1365514 пати)

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #5040 на: 17 Ноември 2015, 00:56:29 am »
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6190
  • 69
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #5041 на: 17 Ноември 2015, 08:35:29 am »
Божееее, законов е скроз различен од тој претходниот.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #5042 на: 17 Ноември 2015, 08:45:36 am »
И минатата година беше истото правило.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #5043 на: 17 Ноември 2015, 11:51:48 am »
Линк од новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата]

Ако имаш зимски гуми не ти требаат ланци.

Но тоа не значи дека ако пример падне многу снег на Маврово, полицијата да нема право да не те пропушти без ланци на погонски тркала.

Отсутен masterwu

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #5044 на: 17 Ноември 2015, 13:23:51 pm »
Линк од новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата]

Ако имаш зимски гуми не ти требаат ланци.

Фала за линкот. Стварно скроз различен е законот. Не успеав да најдам што фактички содржи зимската опрема, туку само дека е задолжителна од 15 ноември до 15 март и казната доколку немаш зимска опрема :). CTRL + F не помогна многу.
Honda Civic 1.7 CDTI '05

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #5045 на: 17 Ноември 2015, 13:35:31 pm »
Еве што се подразбира под зимска опрема согласно Правилникот за задолжителна опрема на возилото

1.9 Зимска опрема
Член 11
(1) Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg се подразбира:
- зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од четири mm.
- пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

(2) Како зимска опрема за моторни возилата со погона на четири тркала (4 х 4) се подразбира:
- зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од шест mm.
- пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег, и во случајот кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.
 (3) Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg се подразбира:
- зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, од шест mm.
- пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.
- автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала, и
- прирачен алат – лопата.
 (4) Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака: „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.
(5) Во согласност со овој правилник, во патниот сообраќај на возилата не се поставуваат пневматици со клинци.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34157
  • Таков е животот... јебига
Одг:
« Одговори #5046 на: 17 Ноември 2015, 13:39:30 pm »
Зборот "погонските"  треба трајно да го избришат од законот.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55051
  • Махер
Одг:
« Одговори #5047 на: 17 Ноември 2015, 13:44:18 pm »
И на кои тркала ќе ставиш ланци тогаш?

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20143
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #5048 на: 17 Ноември 2015, 13:46:39 pm »
Јас би рекол зборот пневматици дека треба да исчезне од македонскиот јазик.

Отсутен Vlado_78

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 228
    • Pretty Womans from your city for night
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #5049 на: 17 Ноември 2015, 14:02:26 pm »
"Како зимска опрема за моторни возилата со погона на четири тркала (4 х 4) се подразбира:
- зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од шест mm."
Имам една дилема околу толкување на законов...
Дали ова 4x4 се однесува за SUV-теренци или се однесува и на коли како Ауди А4 quattro и другите (4motion,X-Drive....) седан-хечбек регуларни возила кои се наменети за возење на асфалт ???

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55051
  • Махер
Одг:
« Одговори #5050 на: 17 Ноември 2015, 14:20:02 pm »
На сите возила со 4х4 како што пишува.

Отсутен Vlado_78

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 228
    • Pretty Womans from your city for night
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #5051 на: 17 Ноември 2015, 14:40:51 pm »
Ми нема логика да мора да имаат регуларни коли кои се на погон на сите тркала  (НЕ Теренци!!!) 2мм подлабока шара на гумите од оние кои се на погон на две тркала... Баш овие возила со истите гуми треба да се однесуваат во зимски услови мноooгу подобро во однос на обичните на преден/заден погон....
Ако се работи за теренски возила, ДА има логика, пошто и онака шарата на тие типови на гуми и фабрички е подлабока, но за коли кои се наменети за на асфалт стварно мислaм дека нема логика да важи мин. 6мм шара :) 

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43931
  • Il Moderatore
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #5052 на: 17 Ноември 2015, 14:42:41 pm »
Не барајте логика во Закони.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34157
  • Таков е животот... јебига
Одг: Одг:
« Одговори #5053 на: 17 Ноември 2015, 14:42:53 pm »
И на кои тркала ќе ставиш ланци тогаш?
На резервните ебаго, на кои

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #5054 на: 17 Ноември 2015, 14:53:30 pm »
Гледајте од светлата страна на сево ова. Жацовци кога запираат бараат да видат дали возилото ја има пропишаната зимска опрема, т.е во скоро секогаш бараат да видат возило со зимски гуми или летни гуми и ланци. Не се замараат тие со мерење на длабочина на шара на гума освен ако не е апла излижана гумата, спремна за нордиско скијање. Тоа 4х4 кај нив во нивниот ментален склоп се однесува на теренски возила за кои исто пак ќе кажам битно им е да им се сите 4 гуми зимски.
Brains are awesome. I wish everybody had one.