Автор Тема: Зимски гуми  (Прочитано 1365446 пати)

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #5025 на: 11 Ноември 2015, 19:09:54 pm »
Денес 20 степена низ град.. Саде за зимски.
За ланци у гепек таман . :) Зимските барем кај мене ќе почекаат.  ;D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34157
  • Таков е животот... јебига
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #5026 на: 11 Ноември 2015, 19:24:12 pm »
Ако живееш во големи мразови и снегови тогаш Сава ескимо се солидни гуми. Ако си низ град и претежно возиш на сумо и мокро тогаш има и подобри од нив за истата цена како на пример Ханкук
Си во некоја голема заблуда. Сава Ескимо не се за мразови и големи снегови! M+S(mud + snow) се, а тоа значи дека се за калливо, мокро и снег кој е во фаза на топење!
За многу студени времиња се гуми со снегулка, т.е. ознака "Alpine"! За мразови се гуми со шилци!
Што се однесува до Sava Eskimo S3+, тоа е фантастична гума за нашите благи зими!

Океј ти имаш такво мислење јас имам баш спротивно. Јас ги имав на едно од службените возила па можев да споредам релевантно со исти такви возила ама различна гума.
На пример, кога ме заглавија еднаш тешки снегови на Косово, Савата ме извадија од таму од каде реков крај на патот од овде нема излегување, ќе ме изедат сега волциве. Од длабок замрзнат снег ме извадија како да се специјално за тоа дизајнирани. Меѓутоа, излезеш ли на сув или влажен пат, Ескимо се тотално разочарување. Со другите возила (Нокиан WR+ i Kontinental ТС800) истите улици при исти временски прилики беа сосем друга приказна. Се лепеа за асфалтот додека Сава ескимо S3 се лизгаа и тоа опасно се лизгаа. Јас никогаш не би ги купил покрај Hankuk Icept RS, Nokian WR+, Semperit snowgrip (во истата ценовна класа). Едноставо се подобри од Савата за нашите благи зими.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29794
    • CARclub.mk
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #5027 на: 11 Ноември 2015, 20:05:17 pm »
Денес 20 степена низ град.. Саде за зимски.
За ланци у гепек таман . :) Зимските барем кај мене ќе почекаат.  ;D

Баш прашав прееска на бензинска. 1100 мкд се ланци што одговараат на 225/45/17. Не дека некогаш ќе ги ставам, него да ги имам во гепек ако малтретира џандар.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6190
  • 69
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #5028 на: 11 Ноември 2015, 20:10:47 pm »
Јас поклон ке ти направам налепница на која ке пишува на твоите стари ланци дека одговараат за 225/45/17...Пошто и онака нема да ги монтираш!
:)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен masterwu

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #5029 на: 11 Ноември 2015, 20:40:51 pm »
Со сегашниот закон, дали треба да се има ланци во гепек доколку се ставени зимски гуми? Или ланци се потребни само ако се возат летни?
Honda Civic 1.7 CDTI '05

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6190
  • 69
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #5030 на: 11 Ноември 2015, 20:53:12 pm »
Според законот на РМ во населено место не е задолжително поседување на зимска опрема или поседување на зимски гуми.

Член 404
(1) Моторните возила и работните машини кога учествуваат во сообраќај
на пат надвор од населено место, во периодот од 15 ноември до 15
март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.
(2) Униформираниот полициски службеник ќе нареди на возач
да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи
според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на
зимска опрема, согласно со ставот (1) на овој член.
(3) Униформиран полициски службеник може да нареди возачот да
го прекине натамошното движење и кога не постои сообраќаен знак за
задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не
овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно
задолжително да ја постави на возилото зимската опрема.
(4) Глоба во износ од 15 евра во денарска противвредност,во мандатна
постапка, согласно со одредбите на овој закон, ќе му се изрече на возачот
кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20143
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #5031 на: 11 Ноември 2015, 21:00:01 pm »
Ископирај и што е пропишана зимска опрема.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6190
  • 69
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #5032 на: 11 Ноември 2015, 21:23:27 pm »
1.9 Зимска опрема
Член 11
(1) Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не
надминува 3.500 kg се подразбира:
- зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот
што гази по обем и широчина, од четири mm.

- пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што
гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот
има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни
помагала.
(2) Како зимска опрема за моторни возилата со погона на четири тркала (4 х 4) се
подразбира:
- зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот
што гази по обем и широчина, од шест mm.
- пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што
гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот
има синџири за снег, и во случајот кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да
имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба
да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #5033 на: 11 Ноември 2015, 21:30:11 pm »
Мора да се смени законот, зимно време обавезно зимски гуми или големи казни.

Ако нема зимски гуми нека си користи јавен превоз, нека не загрозува сообраќај и уште повеќе да го кочи и блокира целиот сообраќај.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20143
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #5034 на: 11 Ноември 2015, 21:35:32 pm »
1.9 Зимска опрема
Член 11
(1) Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не
надминува 3.500 kg се подразбира:
- зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот
што гази по обем и широчина, од четири mm.

- пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што
гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот
има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни
помагала.
(2) Како зимска опрема за моторни возилата со погона на четири тркала (4 х 4) се
подразбира:
- зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот
што гази по обем и широчина, од шест mm.
- пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што
гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот
има синџири за снег, и во случајот кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да
имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба
да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

Фала многу. :)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6190
  • 69
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #5035 на: 11 Ноември 2015, 21:36:04 pm »
А бе како не. Во Германија не е по закон да имаш зимски гуми, кај нас на Југ треба да направат.
Има луѓе кои мислат на глобално ниво, затоа има закони кои концизно кажуваат кога, каде и во кои услови се задолжителни зимски гуми и зимска опрема.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #5036 на: 11 Ноември 2015, 23:34:14 pm »
Мора да се смени законот, зимно време обавезно зимски гуми или големи казни.

Ако нема зимски гуми нека си користи јавен превоз, нека не загрозува сообраќај и уште повеќе да го кочи и блокира целиот сообраќај.
Кога има снег и ниски температури нека важи тоа, а не задутре кога ќе почне да важи законот да ме стопираат на автопат на 25 степени и да ми пишат казна бидејќи немам зимски гуми монтирано.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #5037 на: 12 Ноември 2015, 00:10:33 am »
Mногу корисно видео, ретко кој го забележува и обрнува повеќе внимание.
Разликата од една до друга буква е огромна.

Information on the EU tyre label
http://www.continental-tyres.co.uk/car/technology/eu-tyre-label

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7685
  • Хорска Секција
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #5038 на: 12 Ноември 2015, 13:02:13 pm »
Ако живееш во големи мразови и снегови тогаш Сава ескимо се солидни гуми. Ако си низ град и претежно возиш на сумо и мокро тогаш има и подобри од нив за истата цена како на пример Ханкук
Си во некоја голема заблуда. Сава Ескимо не се за мразови и големи снегови! M+S(mud + snow) се, а тоа значи дека се за калливо, мокро и снег кој е во фаза на топење!
За многу студени времиња се гуми со снегулка, т.е. ознака "Alpine"! За мразови се гуми со шилци!
Што се однесува до Sava Eskimo S3+, тоа е фантастична гума за нашите благи зими!

Океј ти имаш такво мислење јас имам баш спротивно. Јас ги имав на едно од службените возила па можев да споредам релевантно со исти такви возила ама различна гума.
На пример, кога ме заглавија еднаш тешки снегови на Косово, Савата ме извадија од таму од каде реков крај на патот од овде нема излегување, ќе ме изедат сега волциве. Од длабок замрзнат снег ме извадија како да се специјално за тоа дизајнирани. Меѓутоа, излезеш ли на сув или влажен пат, Ескимо се тотално разочарување. Со другите возила (Нокиан WR+ i Kontinental ТС800) истите улици при исти временски прилики беа сосем друга приказна. Се лепеа за асфалтот додека Сава ескимо S3 се лизгаа и тоа опасно се лизгаа. Јас никогаш не би ги купил покрај Hankuk Icept RS, Nokian WR+, Semperit snowgrip (во истата ценовна класа). Едноставо се подобри од Савата за нашите благи зими.
Nokian WR+ имам на службената и не сум воопшто импресиониран!
Sava Eskimo s3+ има татко ми на Toyota Auris и со нив Auris-от одлично се понаша на влажно и калливо и на снежно време. Исто така мечката на жена ми има Sava Eskimo S3+ со кои одлично се понаша деновиве додека времето беше поладно. Нека залади ко што треба и нека заврнат дождови и снегови, па ќе пишам импресии, макар што не очекувам поразлични перформанси од она кое го имам осетено на Аурис-от пошто имаат иста тежина и речиси исто меѓу-оксино растојание.
« Последно менување: 12 Ноември 2015, 13:12:24 pm gOJDO »
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен masterwu

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #5039 на: 17 Ноември 2015, 00:29:54 am »
OK, има ли некој линк до новиот закон? Овие викаат мора и зимски гуми и ланци во гепек.

http://tvorbis.com.mk/?p=20962
Honda Civic 1.7 CDTI '05