falanga... ти прашај, а успат кажи ми на што кола се ставени... ако не сте информирани, ке ви дадам уште еден податок што ретко која компанија што произведува гуми го кажува во јавност... голема улога при изборот на гумата игра и тежината на возилото. што полесно возило, тоа по проблематично е за зимски гуми. конкретниот модел на сава е наменет за потешки возила и товарни возила од помал карактер (пикапи, каравани, и помали комбиња).
на мојон шлепер, што и да му турам, ке биде ок. имаше некој репер за тоа.. ми појаснуваа овие од пнеуматик професионалците.. густината на гумата т.е. каучукот, количината и дебелината на жиците вградени во гумата, со тоа и самата цврстина при налегнување бла бла бла...
начелно муабетот се заврши со заклучок дека секоја зимска гума со добра шара (длабочина) на снег и на мраз за било кое возило е добра. проблемот настанува кога треба да се вози на асвалт во преодниот период т.е. ова што е кај нас моментално... а ова кај нас некако потраја многу. заглавивме во есен... вечита есен. преку ден 15, навечер 5 степени, предолго... и тоа е проблем...
гуми за потешки возила ставени на лесно возило лизгаат на асвалт т.е. они не лизгаат туку реално им се намалува контактот со нагазната површина на асвалт во однос на летните гуми и даваат едно чуство на несигурност при возењето. на повисока температура од 5 степени, веќе омекнува гумата и нагазната површина се џвака, па со самото тоа не легнува како што треба на асвалтот и стабилноста е намалена...
затоа косилиците со 350 кила со се мотор и возач имаат проблем при ставање вакви гуми.