Автор Тема: Проблем со палење (Opel Calibra)  (Прочитано 5323 пати)

Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Проблем со палење (Opel Calibra)
« Одговори #15 на: 22 Август 2018, 23:23:25 pm »
Пошто погоре ти спомнаа за кајла како можен проблем, и јас претходно ти имав споменато за таков случај со кајла:
На шкода форум еден исто вака постираше речиси идентичен проблем, на фелиција ама МПИ фелиција. Нерамномерно работење, се и сешто сменето, степ мотор, сензори, мерена и компресија, се идеално, а пак возилото не работи рамномерно.
На крај испаднало дека проблемот е во оштетена кајла (ни ја незнам што е ова, неможам да најдам соодветен македонски збор) на брегастата и бобината.

Незнам колку ова би ти помогнало, па да го провериш и кај тебе.

Без разлика што се работи за различни возила, сепак после секакво менување на електронски делови кои го контролираат палењето на горивото, моторот и понатаму лошо работи. На крај излегува механички проблем.

Почни да го бараш проблемот кај тебе од механички аспект кога веќе после секаква замена на сензори моторот сеуште не работи онака како што треба.

А иначе да знаеш дека се може да се оштети без разлика што мислиш дека делот е јак. Пред две години имав растурено југо 45 на кое радилицата му беше скршена на два дела, меѓу втор и трет клип и меѓу трет и четврти клип. Не исклучувај ништо од можностите затоа што ''ти делуваат цврсто'' или ''одлично'' од око.

ЕДИТ: Еве ја најдов сликата. Ќе речеш ова нема шанси да се случи, јако ми делува. Башка 45 коња, кај може да се скрши ова. Епа ете може.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

хехе гледам си цитирал од erratic idle темата... тој проблем го решив комплетно.
инаку, радилицата трпи терет, а оваа шајбна нема никаков терет, врти хармонично и е зацврстена со 6 штрафа. доколку е оштетена ќе има други симптоми.
колата работи рамномерно и бавно од 1000 до 7000 обртаи, без детонации пуцкетања на ауспух и слично.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Проблем со палење (Opel Calibra)
« Одговори #16 на: 23 Август 2018, 09:18:09 am »
Не можеш да исклучиш претходниот сопственик нешто да матљал...

На Типо, кога менував сет (по број на шасија), друк лагерот не одговараше.
Излезе дека треба да се стави тој што е за Пунто...

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Проблем со палење (Opel Calibra)
« Одговори #17 на: 23 Август 2018, 11:34:49 am »
Дали сите сензори за контрола на палењето се фиксни, односно дали имаат шлиц за фино подесување? Дали си го измерил сигналот на сите сензори кои може да имаат удел во палењето? На пр. сензорот за темп на вода и воздух имаат делумна (3-4 степени) улога во контола на палењето. Провери со унимер, дали на угасена кола (со даден контакт) при надворешна температура од пр. 30Ц го даваат точниот напон или отпор за таа температура.

Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Проблем со палење (Opel Calibra)
« Одговори #18 на: 23 Август 2018, 16:28:09 pm »
Дали сите сензори за контрола на палењето се фиксни, односно дали имаат шлиц за фино подесување? Дали си го измерил сигналот на сите сензори кои може да имаат удел во палењето? На пр. сензорот за темп на вода и воздух имаат делумна (3-4 степени) улога во контола на палењето. Провери со унимер, дали на угасена кола (со даден контакт) при надворешна температура од пр. 30Ц го даваат точниот напон или отпор за таа температура.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

ништо нема шлиц за фино подесување, дури предходно пред мене сопствениците правеле шлиц на разводникот, но џабе е кога дури и кога беше со разводник палењето беше регулирано електронски. како и да го мрдаш разводникот немаше разлика бидејќи палењето е регулирано од crankshaft angle сензор, maf сензор и throttle position.
измерен е сигналот од сензорите што се мери + имам и дијагностика за мојата кола (со која ги направив графиците погоре), на сензорот за вода пробано е и со отпорник од 330 оми (да симулира 80 или 90c не се сеќавам точно), палењето повторно не е како што треба. сензорите може да ги отфрлиме. некаде механички е утната работата, но каде?
« Последно менување: 23 Август 2018, 16:47:13 pm Indigo »