Јас би сакал тест од BMW 5/6, Мерцедес Е/CLS, сфаќам дека Ауди има реклама на сајтот и тоа е ок ама малце разноликост не ќе е на одмет, па после и споредба на модели по класи, кај овој ова е ок кај оној она не е ок.
И јас би сакал. За жал, поради пазарот, достапноста на возила на тест е ограничена на она што импортерите го имаат во тој момент регистрирано и се расположени да ни го дадат на неколку дена.
BMW 5
возев на интернационална промоција лани. BMW 6 немаат регистрирано нашиве (а најверојатно никогаш нема ни да имаат).
Mercedes-Benz има многу конзервативен пристап изминативе неколку години во однос на тест-возила. Новата А-класа ја барав на тест барем 4-5 пати до сега. Не даваат ништо, на никого. Таква им била стратегијата. Последната работа што сме ја возеле од Mercedes-Benz беше... Мислам CLA Shooting Brake пред 2 или 3 години.
Рекламата нема никаква врска. Кон сите пристапуваме исто, и со сите имаме ист однос. Еве, немаме реклами за Fiat/Alfa Romeo/Land Rover/Range Rover/Jaguar, ама пак возиме и објавуваме тестови од тие возила.