Автор Тема: Valve stem seals - Замена - сервис  (Прочитано 9952 пати)

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Valve stem seals - Замена - сервис
« Одговори #15 на: 16 Август 2018, 14:30:27 pm »
На лице место ќе менуваш гумици? Или ќе растураш?
Инаку се сложувам за констатацијата за мајсторите, мада земи и во обзир колку е работната рака. Зборот ми е затоа и нема квалитет све ојлевци и дојлевци работат.
Сакам на лице место да ги менувам или тој што работи на автомобилот тоа да го стори на лице место. Има безброј примери каде обични смртници тоа го прават на лице место без растурање, така да изводливо е и не е сложено, со соодветен алат и приправи.

Made in Japan ☮

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5456
Одг: Valve stem seals - Замена - сервис
« Одговори #16 на: 16 Август 2018, 14:32:18 pm »
Овде прво на самопомош треба да се работи тек после на помош за механичар, со ова понашање незнам кој би се ставил на бесилка да те предложи негде.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Valve stem seals - Замена - сервис
« Одговори #17 на: 16 Август 2018, 14:34:17 pm »
Сакам да кажам дека не е све така лесно како што мислиш и дека нема да ти биде проблем да платиш десетоструко ако заглавиш наспроти бесплатно ако положиш.

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Valve stem seals - Замена - сервис
« Одговори #18 на: 16 Август 2018, 14:44:23 pm »
Не ми е јасно само, толку се попалија дел од членовите, веројатно и самите се механичари некои од нив и никогаш не отвориле прирачник или недајбоже склопен цртеж. А јас најкултурно, иако изреволтирано, прашав дали некој познава механичар во права смисла на зборот. Тие се сосредоточија на критиките, на делот во кој изразувам револт.

Само да ви појаснам - секој кој сака да се надоградува и учи, а уште побитно - сака без грешка да ја заврши работата, освен во случај кога се работи за автомобил за кој веќе отворил склопен цртеж, МОРА да користи склопен цртеж, дури и за најмалите склопови. Не се сите автомобили исти, кај некои има функционални што ги нема кај други. Неопходно е и пожелно е. Нема ништо навредувачки во тоа да му кажеш на некој дека треба да погледне склопен цртеж или сервисен прирачник. Напротив,   тој пристап е професионален. Во интерес на механичарот е да биде професионалец, може повеќе да наплати. Но, очигледно е дека кај нас само цените се професионални. Типичен механичар од тие 95% наплаќа сатница повеќе од доктор. А докторот иако 10 години читал прирачници и отворал еден ист автомобил, редовно се надоградува (или не, хаха, ова изгледа македонски или балкански синдром е, на стагнација, проценете сами).  Имам впечаток дека главниот проблем кај мноштвото сограѓани е мрзеливоста. До сега ме имаат одбиено неколку механичари кои немале компаратор во колекцијата со алати. Ако им речеш да сменат дискови, ќе ти речат нема проблем, купи си и дојди. Лесни пари. АКо им речеш, нови се, има вибрации кога кочам, ќе ти речат оди израмни ги и донеси ги ќе ги монтираме. Ако се вратиш повторно со истиот проблем, ќе ти речат автомобилот нешто има мана :D Тие се тие механичари кои немаат компаратор, бидејќи ќе треба стварно да сработат нешто освен отвртување штрафови. И доста е веќе, немам намера да ја посветувам темава на вас кои сте механичари, ваш проблем што не отворате цртежи и прирачници.

Ако некој има сознание за припадник на ендемичниот вид вистински механичари, нека пиши во темава. Во спротивно, нека коментира на фејсбук има полно статуси на тема името, мвр, власт, политика и тн. Таму нека си трошат негативна енергија и лечат фрустрации, а не со иронични коментари на тема на која се некомпетентни. Се извинувам на оние кои се компетентни, но им се повредило егото и потајно се согласуваат со мене па сакаат да ми наплатат специјална тарифа...заради зборувањето на вистината.  ;)
Made in Japan ☮

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Valve stem seals - Замена - сервис
« Одговори #19 на: 16 Август 2018, 14:45:41 pm »
Овде прво на самопомош треба да се работи тек после на помош за механичар, со ова понашање незнам кој би се ставил на бесилка да те предложи негде.
Убаво велиш. Можеш веднаш да започниш. Поздрав и до тебе.
Made in Japan ☮

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5456
Одг: Valve stem seals - Замена - сервис
« Одговори #20 на: 16 Август 2018, 14:52:08 pm »
Овде прво на самопомош треба да се работи тек после на помош за механичар, со ова понашање незнам кој би се ставил на бесилка да те предложи негде.
Убаво велиш. Можеш веднаш да започниш. Поздрав и до тебе.
Па па па, duly noted..
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Valve stem seals - Замена - сервис
« Одговори #21 на: 16 Август 2018, 14:53:09 pm »
Сакам да кажам дека не е све така лесно како што мислиш и дека нема да ти биде проблем да платиш десетоструко ако заглавиш наспроти бесплатно ако положиш.
Кажав уште на почеток - да имав услови и алати, немаше да барам совет тука. Кажав и дека немам ни време, сакам само да платам на некој кој знае што прави. Нема потреба да платам десетструко кога во Грција за помалкуструко је завршат работата професионално и користејќи прирачник и склопен цртеж. И Бугарија е исто(барем каде што бев). Грција би одел, побрзо него ли во Скопје, заради нашата прекрасна патна инфраструктура. Но, Бугарија не би одел, предалеку ми е, а и повторно ќе ја спомнам нашата прекрасна патна инфраструктура. Се надевав дека има и едуцирани механичари на форумов, ама многу сум погрешил.
Made in Japan ☮

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Valve stem seals - Замена - сервис
« Одговори #22 на: 16 Август 2018, 14:54:12 pm »
Овде прво на самопомош треба да се работи тек после на помош за механичар, со ова понашање незнам кој би се ставил на бесилка да те предложи негде.
Убаво велиш. Можеш веднаш да започниш. Поздрав и до тебе.
Па па па, duly noted..

Likewise.
Made in Japan ☮

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6437
Одг: Valve stem seals - Замена - сервис
« Одговори #23 на: 16 Август 2018, 15:00:46 pm »
Друже, специфичен мотор т.е. скоро никакви се шансите да најдеш некој со механичко искуство во државава. Како што си посочија најди некој сервис во Грција нека биде и овластен ако ништо друго ќе имаш гаранција за сработеното. И сигурно на нив нема да им треба твојот цртеж или прирачник.

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: Valve stem seals - Замена - сервис
« Одговори #24 на: 16 Август 2018, 15:05:31 pm »
Не бе Влатко, газдата е специфичен, моторот не е ништо посебно.

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Valve stem seals - Замена - сервис
« Одговори #25 на: 16 Август 2018, 15:10:18 pm »
Колку и да си во птаво што ги испосра механичарите, прво треба да се изјасниш за што модел, мотор се работи, што мислиш дека е проблемот и дали и како може да се поправи.

Морав да кажам каде не сакам да ме уптатите. Тоа можеш да го наречеш како што сакаш, но тоа е реалноста. Да беше реалноста обратна немаше ништо да кажам, немаше ниту тема да отворам.
Друго - бидејќи цело време зборувам во прво лице, за себе и својот автомобил, а никнејмот ми е is200, барем колку за IdeuX можеше да се потрудиш ќе знаеше за што мотор се работи. Ама па воопшто не е релевантно и убаво кажав зошто.
Дете (да, така ти се обраќам пошто очигледно си), не се прави многу паметен. Бараш помош, а се к*рчиш пред да се доискажеш што и како ти треба. Ме заболе ако никот ти е ис200, можеш културно да кажеш за што ТОЧНО се работи, година, модел, мотор, ТИП на мотор, и кој точно дел те мачи и КАКО мислиш да го смениш, поправиш, модифицираш итн. Спушти се на земја, помешај се со луѓето.

Е сега од кога ја смени темата во "промена на гумици на вентили", изјасни се коректно и стручно (веројатно си машинец), што е проблемот со водилките те. гумиците на вентили?

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Valve stem seals - Замена - сервис
« Одговори #26 на: 16 Август 2018, 15:17:12 pm »
Замолувам некој модератор да ја исчисти темава од срањето од типот на постот над овој бидејќи содржи навредливи зборови директно искажани кон мене.
Made in Japan ☮

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Valve stem seals - Замена - сервис
« Одговори #27 на: 16 Август 2018, 15:20:04 pm »
Ок друже, терај си со ароганцијата до крај. Очигледно дека @vladic3110 на добро место те препрати, а @achtung ти кажа како ќе завршиш со проблемот.

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Valve stem seals - Замена - сервис
« Одговори #28 на: 16 Август 2018, 15:21:52 pm »
Друже, специфичен мотор т.е. скоро никакви се шансите да најдеш некој со механичко искуство во државава. Како што си посочија најди некој сервис во Грција нека биде и овластен ако ништо друго ќе имаш гаранција за сработеното. И сигурно на нив нема да им треба твојот цртеж или прирачник.
Влатко, ќе се согласам дека кај нас не е застапен и како таков за било кој нормален механичар од тие 5% -да специфичен е моторот, ќе треба да се отвори сервисен прирачник и склопен цртеж.
За сите останати овој мотор не е ништо посебно, знаат тие, имаат отворано 1000 коли, јас не ќе им кажувам. Се што треба е да им го оставам и кога ќе зезнат нешто ќе слушам приказни од типот, ова не чинеше, она не чинеше, а само ЗАПТИВНИ линеарни гумици/ семеринзи се за менување.
« Последно менување: 16 Август 2018, 15:34:55 pm is200 »
Made in Japan ☮

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Valve stem seals - Замена - сервис
« Одговори #29 на: 16 Август 2018, 15:34:34 pm »
Momak edno prasanje nova li ja kupi kolava prv gazda si?
Ako e polovna nemora tuka frustracii la lecis ispovregja pola forum i 99% od mehanicari i prviot sto te simna na zemja places deka te navredil. Ako si se zaebal so polovna kola sto curka, dimi sve se pravi samo ti epten ja vozdigna rabotava so servisni upatstva crtezi i neznam ti sto.
Penzioner covek vo limena garaza so 4 burinja rasolnica, rakija, stari skafovi polni so tegli na drugar mu ja vrza cela elektronika i elektrika na vectra c za pomalce od 6 saata rabota. Neznam ti sto ocekuvas od servis da ti ja vnesat kolata na crven kjilim i na strana da grickas bademcinja i damu kazuvas na majstorot kako i sto da pravi.
Ako e tolku prosto kako i sam kazuvas kupi alat zasukaj rakavi i pocni so otvaranje a pred toa izvini otvori priracnicite za rabota.
Izvini sto ti pisav vo temava ama ete vekje nema samo kje ti posakam srekja vo potragata na toj endemski vid na majstor.
Cisto samo pisi molimte kaj kje ja odneses dali ti ja sredile i cena za srabotenoto. Pozdrav i imaj ubav den.