Јас кога купив автоматик го прашав мајсторот кој ми менуваше масло на менувачот истото прашање и ми рече дека подобро е да држиш на кочница отколку да ставаш во неутрал или паркинг. Кај мене има многу добра функција на кочницата, кога ќе стиснам посилно на педалата си останува стегната кочницата се додека не дадам гас за да тргнам и тоа си го практикувам секогаш.
A shto kola e tvojata?
Sepak seushte neznam za kaj mene deka e S-Tronic a toa e dual clutch i koke ja drzham kocnicata se oseka duri i na board kompjuterot kazhuva od 1.6 l/h i nagore, a koke ja izvadam vo Neutral toa pagja na 0.9-1.0-1.1 i slichno.
Mercedes 7G-Tronic. Кај мене нема моментална потрошувачка, но претпоставувам дека и кај мене кога држам на кочница а менувачот е во D, потрошувачката е поголема. Бидејќи сепак моторот и менувачот се спремни да движат , но ги спречуваме со кочницата.
Кога мајсториве прават сервис на менувачот, го загреваат маслото на менувачот со тоа што шалтаат в место R-N-D и обратно додека не ја постигнат саканата температура. Што значи, кога шалташ се случува некој отпор во менувачот кој го загрева маслото, за разлика ако стои во D додека чекаш во место го нема тој отпор. Не сум машинец ама ова го објаснувам од тоа што ми го кажа мајсторот и од гледање додека чекав во сервисот.
Јас по навика кога чекав на семафор ја ставав во N бидејќи навикнат на мануелен менувач мислев дека така е подобро. Откако ми кажа мајсторот, сега ја оставам секогаш во D додека сум на семафор. Дали е правилно или не нека кажи некој кој знае како точно функционира менувачот.
Макар што не знам дали до толку треба да се замараме, со оглед дека кога правиш кик-даун шалта 2-3 подолу, ги цеди до крај и сл