Онака ради муабет.
Кога имав Типо(бензин), сменив цел издувен систем, но за 2,3 години морав да менувам повторно лонци.
Бидејки ми беше преку глава, му бапнав половен среден лонец од дизел.
Мислам дека цел месец чуреше црн дим кога ќе го згазев пожустро.
Еден период со Меганот(2ка) се заборавив со градска вожња, прва прилика на автопат до Миладиновци нешто како да не влече.
За назад, од приклучок на автопат го држев на 4000rpm.
Чуреше нонстоп добри 5,10 минути до кај Белви.
Да видиш после како тегне.
Земи издувај го малку повеќе на автопат, веднаш потоа види дали фрла црн чад, но не нагло(одеднаш) гас до даска(не возиш бензин).