Автор Тема: Интернет  (Прочитано 205940 пати)

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
    • ibiz.mk
Одг: Интернет
« Одговори #1230 на: 12 Септември 2025, 08:24:45 am »
Фала @FiLo
Ај да видам дали ке има некоја разлика,моментално сум на 100мбитна
За домашна употреба е топ

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7328
Одг: Интернет
« Одговори #1231 на: 12 Септември 2025, 08:46:17 am »
Во секојдневно користење и сурфање не приметив ни јас разлика. Јас сум со 200/100 брзина.
Ако симнуваш филмови торенти, тогаш ќе осетиш разлика, наместо со 10 мб/с (бидејки си со 100 брзина), ќе ти симнува со 100 мб/с (гигабитна брзина)

Јас повеќе приметувам мала латенција кога јавната ИП ми започнува со 46.ххх.ххх.ххх, наспроти 77.ххх.ххх.ххх
Со 77ца напред некако инстантно е отворањето на веб страните, за разлика кога ќе повлече ИП од 46ка напред.
« Последно менување: 12 Септември 2025, 08:51:59 am FiLo »

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 390
Одг: Интернет
« Одговори #1232 на: денес во 12:13:40 »
Имам TP-Link Archer AX23 (Wi-Fi 6), стар помалку од еден месец, поврзан преку LAN кабел со A1 модем.

Проблемот е што Wi-Fi мрежата останува поврзана, но интернетот повремено закочува, прекинува или на телефоните се појавува извичник (Connected without internet). Ова се случува на сите телефони, особено кога се поврзани 5–6 уреди истовремено и има поголемо оптоварување на мрежата.

Интересно е што кога ќе се префрлам на Wi-Fi мрежата од самиот A1 модем, интернетот работи нормално ама еве го и тој од модемот паѓа

Досега ги проверив и средив сите WAN и Wi-Fi поставки, ги проверив каналите, OFDMA е овозможено, а направив и Ping тестови кои не покажуваат загуба на пакети. Исто така, го сменив режимот на работа од Wireless Router Mode во Access Point Mode. По ова интернетот делува постабилен и побрз, но проблемот сè уште повремено се појавува. На улица исто губи

Дали некој имал сличен проблем со Archer AX23? Дали станува збор за firmware проблем, некоја поставка или можеби неисправен рутер?

Бидејќи рутерот е нов, ме интересира дали да барам замена под гаранција или постои друго решение.
« Последно менување: денес во 12:23:51 was »

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7273
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Интернет
« Одговори #1233 на: денес во 12:27:33 »
Истиот го имам на Телекабел поврзан, никаков проблем.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7505
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Интернет
« Одговори #1234 на: денес во 12:34:39 »
Јас имам ист таков скоро година дена, ама немам колку тебе уреди, телевизор на кабел и 2-4 уреди макс на ви-фи, и не се сеќавам да сум имал таков случај.

Ама ми е пуштен и оставен само на 2.4GHz, послаб беше сигналот на 5GHz преку ѕидови.