Имам TP-Link Archer AX23 (Wi-Fi 6), стар помалку од еден месец, поврзан преку LAN кабел со A1 модем.
Проблемот е што Wi-Fi мрежата останува поврзана, но интернетот повремено закочува, прекинува или на телефоните се појавува извичник (Connected without internet). Ова се случува на сите телефони, особено кога се поврзани 5–6 уреди истовремено и има поголемо оптоварување на мрежата.
Интересно е што кога ќе се префрлам на Wi-Fi мрежата од самиот A1 модем, интернетот работи нормално ама еве го и тој од модемот паѓа
Досега ги проверив и средив сите WAN и Wi-Fi поставки, ги проверив каналите, OFDMA е овозможено, а направив и Ping тестови кои не покажуваат загуба на пакети. Исто така, го сменив режимот на работа од Wireless Router Mode во Access Point Mode. По ова интернетот делува постабилен и побрз, но проблемот сè уште повремено се појавува. На улица исто губи
Дали некој имал сличен проблем со Archer AX23? Дали станува збор за firmware проблем, некоја поставка или можеби неисправен рутер?
Бидејќи рутерот е нов, ме интересира дали да барам замена под гаранција или постои друго решение.