Во неделата се прошетавме до Делчево на собир на олдтајмери, пријатно сум изненаден од масовноста на посетители на настанот со оглед на ситуацијата. Еве ја струмичката екипа со 4 коли
За жал се случи и првиот проблем, на враќање колата едноставно изгасна. Пробав да ја запалам, но безуспешно, утврдивме дека не добива струја на свеќиците. Затоа, сајлата и правец Струмица.
Следниот ден запали на прва, но по 15 минути работа пак сама изгасна. Утврдивме дека проблемот е во сензор на радалица (ги има два идентични). По вадењето, го видовме и проблемот, сепак станува збор за 40 години старост
Во меѓувреме нарачани 2 нови сензори, заменети, па овие денови активно го возам за да видам дали ќе се повтори проблемот. Сега за сега се е во ред.
П.С. Jуго си е Југо