Автор Тема: Porsche 944  (Прочитано 61565 пати)

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Porsche 944
« Одговори #120 на: 11 Септември 2018, 00:08:15 am »
Цица ли ного другар?

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: Porsche 944
« Одговори #121 на: 11 Септември 2018, 11:47:00 am »
Цица таман :)
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Porsche 944
« Одговори #122 на: 11 Септември 2018, 23:23:25 pm »
Чим така само по муцката нопко 😂

Отсутен Vixa

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 81
Одг: Porsche 944
« Одговори #123 на: 18 Септември 2018, 14:13:34 pm »
Екстра изгледа количево , браво другар. Да не знаеш случајно дали колава била во Гостивар пред едно 10+ години , по страјповите црни ми делува позната.

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: Porsche 944
« Одговори #124 на: 18 Септември 2018, 14:56:42 pm »
Фала друже, колата од 2005 е во Струмица, а страјповите се ставени некаде 2009, така што не верувам да била истата кола во Гостивар.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Одг: Porsche 944
« Одговори #125 на: 20 Септември 2018, 23:20:24 pm »
Супер. Нареден пат кога сликаш, заврти го воланот малку во десно, да се гледа бандажот. :)
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен MikiVW

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
Одг: Porsche 944
« Одговори #126 на: 23 Септември 2018, 22:22:53 pm »
Немаше иста ваква во Битола пред некоја година? Сигурно ја виделе битолчани така стоеше на паркинг долги години.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Porsche 944
« Одговори #127 на: 23 Септември 2018, 22:53:09 pm »
Има и уште си стои така паркирана за жал.

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: Porsche 944
« Одговори #128 на: 11 Октомври 2018, 18:11:53 pm »
Вчера, после некое време, малку поработено на Поршето, купена и скроена изолација за под хауба. За жал немаше парче да го опфати целото лево поле, па се познава спојот. Во меѓувреме Поршето се вози речиси секојдневно, еднаш бев и до Скопје со него и со оглед на годините е одлично за патување :) Во прилог слика од изолацијата:



Денес испрани во домашни услови, па падна и некоја слика :)











Во меѓувреме од Америка стигна и последниот дел кој беше нарачан сега за сега:

https://www.stoddard.com/477837219.html
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Porsche 944
« Одговори #129 на: 11 Октомври 2018, 20:18:59 pm »
Алал ти вера! Се моли класниот да му организира платен превоз на Дени до Струмица, да направи слики саглам како што заслужува Поршов.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Porsche 944
« Одговори #130 на: 11 Октомври 2018, 20:23:49 pm »
Супер е поршево него кажи збор два повеќе за туарегот, си гледам половни во последно време и ме интересира како се има покажано, на што да обрнам внимание.

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: Porsche 944
« Одговори #131 на: 11 Октомври 2018, 22:37:08 pm »
Алал ти вера! Се моли класниот да му организира платен превоз на Дени до Струмица, да направи слики саглам како што заслужува Поршов.
Апсолутно се согласувам, сликањето не ми е баш јака страна :)

Супер е поршево него кажи збор два повеќе за туарегот, си гледам половни во последно време и ме интересира како се има покажано, на што да обрнам внимание.

Туарегот го имаме купено нов декември 2009, последниот модел е од таа серија и февруари 2010 веќе излезе новиот. Станува збор за 2.5 ТДИ со рачен менувач, има поминато 115000км моментално и до сега служи одлично. Претежно се користи во зимски услови, затоа е и купен со рачен менувач плус има и редуктор и механичка блокада на среден диференцијал, па прилично е добар за зима како што беше 2017та :) Koлку што знам овој е еднинствен Туарег од овој модел продаден нов кај нас во бела боја, плус му се офарбани праговите и пластичните долни делови на браниците, па со 19ките бандажи е некоја моја варијанта на Р-лајн :) За овие речиси 9 години освен потрошен материјал има сменето само пумпа за гориво во резервоарот која испушти душа пред 2 години. Другото е сервис на секои 15000км (собира преку 8л масло што не е баш ефтино) и толку, дури и плочките на кочниците му се уште фабричките.

Како половни и не држат некоја висока цена, дел поради скапото одржување и поголем дел што се често доста извозени и тешко се наоѓа како половен во солидна состоба. Доста половни Туарези сум гледал во последните неколку години и сите се во состојба да не би ни размислувал за купување.

Се на се, не можам да се пожалам од Туарегот, одлично си ја врши функцијата за која е купен. Дали би го купил како половен - примероците кои се на продажба во МК, донесени од Италија и возени од баба калуѓерка, дефинитивно не. Доколку имаш потреба од вакво возило и доколку може да се најде некој сочуван примерок со уредна сервисна историја тогаш вреди да се размислува. Ако е за секојдневно возење низ град, ич не ни размислувај за него.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2840
Одг: Porsche 944
« Одговори #132 на: 11 Октомври 2018, 23:24:34 pm »
Другар жити се кажи од каде ја зема изолацијава.Ваква иста барам веке некој временски период и никако да најдам

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: Porsche 944
« Одговори #133 на: 12 Октомври 2018, 13:56:58 pm »
Изолацијата е од Практикер во Солун.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Porsche 944
« Одговори #134 на: 13 Октомври 2018, 19:15:41 pm »
Се запознавме денес со @andrej_111 и неговото 944-че. Прекрасна кола, прекрасна.





Наскоро повеќе. :)