Алал ти вера! Се моли класниот да му организира платен превоз на Дени до Струмица, да направи слики саглам како што заслужува Поршов.
Апсолутно се согласувам, сликањето не ми е баш јака страна
Супер е поршево него кажи збор два повеќе за туарегот, си гледам половни во последно време и ме интересира како се има покажано, на што да обрнам внимание.
Туарегот го имаме купено нов декември 2009, последниот модел е од таа серија и февруари 2010 веќе излезе новиот. Станува збор за 2.5 ТДИ со рачен менувач, има поминато 115000км моментално и до сега служи одлично. Претежно се користи во зимски услови, затоа е и купен со рачен менувач плус има и редуктор и механичка блокада на среден диференцијал, па прилично е добар за зима како што беше 2017та
Koлку што знам овој е еднинствен Туарег од овој модел продаден нов кај нас во бела боја, плус му се офарбани праговите и пластичните долни делови на браниците, па со 19ките бандажи е некоја моја варијанта на Р-лајн
За овие речиси 9 години освен потрошен материјал има сменето само пумпа за гориво во резервоарот која испушти душа пред 2 години. Другото е сервис на секои 15000км (собира преку 8л масло што не е баш ефтино) и толку, дури и плочките на кочниците му се уште фабричките.
Како половни и не држат некоја висока цена, дел поради скапото одржување и поголем дел што се често доста извозени и тешко се наоѓа како половен во солидна состоба. Доста половни Туарези сум гледал во последните неколку години и сите се во состојба да не би ни размислувал за купување.
Се на се, не можам да се пожалам од Туарегот, одлично си ја врши функцијата за која е купен. Дали би го купил како половен - примероците кои се на продажба во МК, донесени од Италија и возени од баба калуѓерка, дефинитивно не. Доколку имаш потреба од вакво возило и доколку може да се најде некој сочуван примерок со уредна сервисна историја тогаш вреди да се размислува. Ако е за секојдневно возење низ град, ич не ни размислувај за него.