Автор Тема: Звучна изолација.  (Прочитано 142356 пати)


Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Звучна изолација.
« Одговори #376 на: 25 Октомври 2016, 18:32:37 pm »
Добри цени:

Децибел ретко имаат суровини на лагер. Имаат добри опции, но речиси секоја количина поголема од еден квадратен метар треба да се нарачува.

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3601
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Звучна изолација.
« Одговори #377 на: 25 Октомври 2016, 23:15:58 pm »
Дечки, случајно видов некаде звучна изолација како теписон која може да се лепи и е многу флексибилна. Дали некој видел нешо такво кај нас?

Односно вакво:
http://www.nexxia.co.uk/pics/CT60-01.jpg

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13837
Одг: Звучна изолација.
« Одговори #378 на: 26 Октомври 2016, 11:38:59 am »
http://www.zvucnaizolacija.mk/samolepliva-membrana-za-namaluva%D1%9Ae-na-zvukot

Е ова се бара...

@darko mk5 мислам ја имаат овие тоа што бараш.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Звучна изолација.
« Одговори #379 на: 26 Октомври 2016, 18:54:04 pm »
Не би очекувал премногу од изолација со дебелина од 3 мм. Подобрување веројатно ќе има, но за „мерцедес“ филинг треба подебело

(изолација со дебелина X милиметри теоретски ќе пригуши само звуци со бранова должина помала или еднаква на X)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Звучна изолација.
« Одговори #380 на: 26 Октомври 2016, 19:02:40 pm »
Чудно малце, тоа значи дека за <350hz звуци да пригушиш ти треба материјал подебел од 1m? Мислам дека во еден метар ќе се смести изолација за да утиша и земјотрес, а не звук :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3601
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Звучна изолација.
« Одговори #381 на: 26 Октомври 2016, 19:14:01 pm »
Mene mo treba za tapaciranje na daska, ne mi treba za izolacija :) lesno se raboti ova pa zatoa ja baram nea


Sent from my iPhone using Tapatalk

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3463
Одг: Звучна изолација.
« Одговори #382 на: 26 Октомври 2016, 19:15:20 pm »
Сакам да правам зафат со изолација на двата змаја пред зимава, е сега сакам да ставам нешто како што треба, зошто веќе ќе се отвараат тапацири да не се зафркавам.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Звучна изолација.
« Одговори #383 на: 26 Октомври 2016, 21:56:07 pm »
Чудно малце, тоа значи дека за <350hz звуци да пригушиш ти треба материјал подебел од 1m?

Донт куоут ми, ама мислам дека да (ако е таква математиката, ти верувам).

И у ролсројс не е пригушено СВЕ, тоа што е останато непригушено се басести звуци

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Звучна изолација.
« Одговори #384 на: 26 Октомври 2016, 22:00:50 pm »
Миислам (треба да се потсетам), дека во различни средини (материјали), исти звучни фрекфенции имаат различни бранови должини...
Тука игра улога изолациониот материјал и неговата способност да дампира со (релативно) тенок слој... Да грабнам време, ќе проверам како беше...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Звучна изолација.
« Одговори #385 на: 28 Октомври 2016, 14:38:51 pm »
Не би очекувал премногу од изолација со дебелина од 3 мм. Подобрување веројатно ќе има, но за „мерцедес“ филинг треба подебело

(изолација со дебелина X милиметри теоретски ќе пригуши само звуци со бранова должина помала или еднаква на X)
Поентата е да се отежне материјалот на кој се лепи со тоа што слично на динамат се додаваат 5кг по метар квадратен. Разликата е доста голема кај возила кои се нетретирани. Всушност тоа е разликата меѓу подношљива и неподношљива кола. Не дека едно парче ќе ти заврши работа туку дека треба да се обложи површината. На некои места да се додаде и два-три слоја.

За возила конкретно сум забележал како се однесуваат стари коли (буба) кои изворно немале никаква изолација, и потоа со залепен материјал на целиод под, два слоја на полумесеците, на кровот, на фаерволот, на вратите. Разликата во се е огромна, зошто и зафатот е огромен. Добиваш неописливо чувство на осет дека се наоѓаш во нова модерна кола од типот на Голф 7, а всушност седиш во стара буба. Сите го викаат истото на странскиве форуми каде што се користат при реставрации. Кај модерни коли осетот е веќе очекуван од патникот, и е помал ефектот. Со нови кедери, стегнато се. Ако ја искусиш колата со затворени очи, од отварање врата, затварање врата до вожња нема да погодиш за која кола се работи со сигурност освен ако не го препознаеш звукот на моторот.

Битумен се користи за постигнување на истата поента, отежнување.

Ако јас се прашувам, на пример. Ако колата е веќе отворена, и дошло ред за ставање изолација јас во ниеден можен момент нема да помислам да уштедам на 100-200 евра за изолацијата. Па дури и кај нови коли би додал, ако сметам дека операцијата е лесна за изведување. Макар и резултатот да е мал. Ако имам можност секако би ставил поприлично материјал за отежнување, а потоа и материјал за апсорпција. Зошто „реално“ тоа е големата разлика меѓу мерцедес А класа и мерцедес ЕС класа.

Добри цени:

Децибел ретко имаат суровини на лагер. Имаат добри опции, но речиси секоја количина поголема од еден квадратен метар треба да се нарачува.
Тоа не е никаков проблем во реон како Македонија. Круцијално е некој да може да го донесе тоа што треба по конкретна цена, а дали ќе почекаш две недели е многу помал проблем.

Со оглед на тежината на изолацијата која треба да би се нарачувала, цените за транспорт се огромни. Имањето на фирма која ќе го понуди кај нас е есенцијално за некој да се нафати да се занимава. А 1000 денари по квадрат е релативно прифатлива сума, за разлика од тоа што инаку само шипинг ќе те фати толку.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Звучна изолација.
« Одговори #386 на: 30 Декември 2016, 09:52:46 am »
Задолжително за буквално секоја кола.
       
   

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Звучна изолација.
« Одговори #387 на: 30 Декември 2016, 09:55:58 am »
Фабрички треба да биде така, не некој да крши тапцири, пластики и жабици па се да крцка. Што се 30кг изолација во пари и тежина.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Звучна изолација.
« Одговори #388 на: 30 Декември 2016, 14:17:22 pm »
Аууу, браво. Прекрасно.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Звучна изолација.
« Одговори #389 на: 30 Декември 2016, 14:23:09 pm »
Јорганот ќе упива вода кога го ставаше кај тркалата, ќе држи влага па корозија.