Има ли некој што го работи ова и што знае кои коли каде имаат слабости и каде треба да се изолираат за да се постигне максимум ефект без да се лепи насекаде колата??? Исто ме интереси што мислите дали ако ја изолирам хаубата ќе ми се намали звукот во кабината додека возам???
Мора да се стави изолација на хаубата, јас сега тоа барам да најдам за мојата. Едната има, едната не. А генерално, нема кој знае кој не. Јас сакав да ставам и најдов каде има каде нема, и на полото само таму немаше. Сегде беше пополнето бајаги, значи фаерволот напред, багажникот со битумен назад, итн... Фали под хауба. Во Фиестата има повеќе фалинки и се осеќа.
Генерално не треба да се лепи цела кола, туку да се провери фаерволот дали има, багажникот, под тапацирот доле, во вратите, под хауба. Ретко која има во вратите...
И треба да рачунаш дека секое делче ќе намали по сосем малку, ама крајниот резултат после целосен третман и истражување може да достигне 3 децибели, што е половина од моќноста.
Еве на пример Фиестата е погласна внатре од Полото за околу 4 децибели и се приметува. Ама тоа е, не е многу скапо, само бара истражување и работа. Битуменска фолија има мислам во Дог и на други места и е околу 2000-3000 за пола квадрат. Ако ти треба највисока заштита.
Кога збориш за фаерволот мислиш на изолацијата измеѓу моторот и кабината така? Таму имам со сигурност е сега дали може да се појача тоа можеби други знаат...
Инаку знам дека нема изолација кај гепекот (резервното тркало кај што стои) така да ќе погледнам за таму, а за под хауба ако ја обложувам со битуменска фолија ќе ми излезе поскапо него оргиналната изолација да ја нарачам од Опел, која треба да е до кај 4000ден.
Разбрав дека таа ја користеле кај 1.7CDTI и 1.9CDTI моторите, а кај бензинци мислам дека не ја користат.
Еве Part Number за истата
Underbonnet Insulation:
GM PT No= 13114637 £51.50 + VAT
CLIPS = 90355604 £0.34 + VAT EACH
Треба да е, ама во Олимпија Моторс е 11348 денари плус 10 x 48 денари за притискачите Ако си уште заинтересиран пиши ми ПП, пошто и ја сум заинтересиран, ама сигурно НЕ за оваа цена А да нарачаме преку net?
ИИИииииииххх изгледа претерале малце повеќе со цениве. Некои работи се исплатат повеќе од кај нив да се нарачаат него од ebay, ама ова очигледно не.
Преку нет Џиџи може да ни излезе доста поскапо (и поединечно и заедно) зошто се што е над 50еур кај нас го царинат и од прилика крајната цена е плус 40% од она што би требало да се плати.
Јас размислувам дали да направам нешто како zokibass ако успеам да најдам изолација од дизел ауто за до кај 500денара. Вероватно нема да биде како оргиналот во ефикасност, но ако добро се скрои би требало да е доволно близу.
Во случај да не најдам ќе праам DIY изолација со некој материјал и готоо.