Поздрав дечки одамна го следам форумов но никако да се регистрирам, сега конечно го направив тоа па време е да се претставам, јас сум Ѓорѓе од Тетово 24 години, по професија графички дизајнер, во слободно време фотограф.
Толку за мене сега нешто за моето возило, моето возило е Хјундаи Купе 2.7 V6 ѕверски звук и супер изглед. Моделот е од 2002-2005 година со фул опрема ( ако не се лажам во Македонија сум приметил само две такви со истиот мотор и опрема ), од естетски модификации немам направено ништо но во план ми е фарбање и спуштање исто така и други поголеми бандажи, но од механички имам сменето се ново затоа што колата се вози секојдневно Теарце, Тетово, Скопје и назад ( 180км дневно ).
Ја земав со 76 000 км и беше во фабричка состојба ( немаше сменето ниту каиши ниту кабли ниту свеќици ништо ) и сега после точно една година има 134.000км
За резервни делови користам исклучиво оргинали ( Ги има во СОЛИД или ДИАС ГРУП ) имам сменето Корпа, Ламела, Каиши, Водна пумпа, свеќици, сензори, кабли, бомбина, Бензинска пумпа, филтри, подвозје, дискови, плочки, кабли за рачна, сијалички, брисачи, пумпа за брисачи итд.
Инаку да пошо колата се користи дејли има и нов ландирензо ф30 систем со дизни само не ми праи ич мерак и претежно на плин ја возам многу малце.